1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Речиси милијарда долари за Либан

Во Стокхолм денеска претставници на 50 земји ќе разговараат околу можностите за хуманитарна помош за палестинските територии, а пред се за појасот Газа. Притоа треба да се фрли само светлина на екстремно тешката ситуација во регионот, додека финансиски договори не се предвидени. Еднодневната средба е продолжение на донаторската конференција за Либан, на која земјите учеснички ветија 700 милиони евра итн

Донаторска конференција во Стокхолм

Донаторска конференција во Стокхолм

а помош за обнова по 34 дневната војна.

Шведскиот министер за надворешни работи, Јан Елиасон е задоволен - претставниците на 50 земји се обврзаа да му дадат на Либан итна помош во висина од 940 милиони долари. Охрабрувачки резултат од донаторската конференција за Либан, кој би требало да ги покрие потребите на таа земја во наредните неколку месеци. Бејрут за истиот период процени дека ќе бидат потребни половина милијарда долари, но премиерот Фуад Синиора истовремено повтори дека потребата од финансии е многу поглема – директните штети од војната чинат милијарди, загубите од добивките уште неколку милијарди, а освен тоа Либан има и 35 милијарди долари надворешен долг. Доволна причина , во декември во Бејрут, да се одржи уште една донаторска конфернеицја.

Либанскиот премиер им даде уверување на донаторите дека парите нема да завршат во погрешни раце, притоа мислејќи на Хезболах, но без да биде спомнато неговото име.

“Целата помош ќе биде канализирана преку властите и ќе оди директно до луѓето на кои им е потребна. Нема да има меѓустаници за парите. Значи, она што на оваа конференција ќе биде собрано, ќе биде употребено според желбите на доанторите и според механизми кои тие ќе ги определат.“

Веќе сега е сигурно дека парите ветени во Стокхолм нема да бидат и единствените што Либан ќе ги добие. Саудиска-Арабија, Катар Кувајт ветија помош во висина од две милијарди долари – делумно во форма на обнова на уништените места, делумно во форма на трансфер на пари.

За некои е можеби разочарувачки што на конференцијата не се разгледани меѓународно-правните аспекти на војната, но тоа не беше задача на конференцијата. Шведскиот премиер, Јоран Першон смета дека вакви прашања сигурно ќе бидат зачнати на други места: “Шведската влада има јасен став околу ексцесивната употреба на насилство од страна на Израел во Јужен Либан. Израел, се разбира, мора да го почитува меѓународното право. Но, мора да се каже и дека акциите на Хезболах исто така не соодветствуваа на меѓународното право. Киднапирањето израелски војници и бомбардирање цивилни цели во Израел исто така се во спротивност со меѓународното право. “