1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рецесијата ги расипа убавите планови

Круг од финансиски експерти, претставници на државата, сојузните покраини и општините прогнозираат дека само во 2009 година, државниот буџет ќе претрпи загуби од 45 милијарди евра.

default

Со поглед кон бездната, заврши средбата на кругот финансиски експерти, кои заседаваа во Бад Кројцнах. Причината за ова е тешката рецесија, најголемата од осумдесетите години наваму. Во ситуација кога економијата стагнира, а граѓаните поради стравот од неизвесната иднина ги штедат парите, наместо да ги трошат - државните приходи трпат горчливи последици. Финансиските експерти во Бад Кројцнах се раководеа од економската прогноза на владата, што ги постави рамките на нивните проценки. Според владините прогнози, во тековната година, економскиот производ во Германија ќе се намали за шест проценти. Во споредба со последните проценки од ноември, минатата година, тоа се 45 милијарди евра помалку даночни приходи за 2009 и вкупно 316 милијарди евра до крајот на 2012 година.

Голем шок за државата, сојузните покраини и општините

Пред избивањето на кризата, буџетот на министерот за финансии, Пеер Штајнбрик, беше на добар пат. Безмалку беше постигнат сооднос меѓу приходите и расходите. Некои сојузни покраини дури успејаа да достигант буџетско израмнување. Следниот чекор беше почеток на раздолжувањето на планината државни долгови, тешки 1.500 милијарди евра, од кои 900 милијарди ги должи федерацијата. Но, рецесијата ги расипа убавите планови. Драматичниот пад на економскиот производ доведе до ист толкав драматичен пад на даночните приходи.

Од причина што расходите на државата, сојузните покраини и општините не можат да се скратат во исто толкава мера колку што опаднаа и приходите, а од конјуктурни причини ова не би било сосема пожелно, не останува ништо освен дупките во буџетот да се закрпат со уште поголеми задолжувања. Но, со тоа не е

Ortsschild Rezession

завршена работата. Дупката во буџетот е значително поголема отколку минусот кај даночните приходи. Имено, државниот буџет е затекнат од две страни: од една страна, во финансиските и даночни служби се влеваат многу помалку пари, а од друга страна, државата ја чекаат големи давачки, како дел од мерките за спас на банките и останатите претпријатија, како и за стимулирање на конјуктурата. На ова уште треба да се додаде и дефицитот од осигурувањата во случај на невработеност, како и здравственото, а подоцна и пензиското осигурување, што државата ќе мора подоцна да го израмни со помош на субвенции или кредити.

Даночни намалувања се авантуристички потег

Само за буџетот на државно ниво, државата ќе мора годинава да земе кредит во висина од околу осумдесет милијарди евра. Ова е двојно повеќе од претходно планираниот износ и нов рекорд во државните задолжувања. Министерот за финансии, Пеер Штајнбрик, веќе работи на измени на буџетот. Затоа, барањата на ЦДУ, ЦСУ и ФДП за уште поголемо намалување на даноците се авантуристички потег. Имено, по парламентарните избори нема да станува збор за намалување на даноците, туку како да се избегне нивно покачување. Оној, кој во пресрет на парламентарните избори ветува нешто друго, или ги лаже избирачите или, пак, за да не го прекрши зборот, прави грев спрема следните генерации. Планината државни задолжувања што денес се трупа, ќе падне на нивни грб. Бескрупулозни задолжувања се токму спротивното на она што се нарекува издржлива финансиска политика.

Автор: Карл Завадцки

Превод: Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска