1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рецесијата во еврозоната ја влече и Германија надолу

Рецесијата во 17-члената еврозона длабоко се продлабочила во четвртиот квартал од 2012 година, соопштија аналитичарите. Иднината изгледа несигурна и слаба.

Податоците на Еуростат покажуваат дека еврозоната паднала за дополнителни 0,6 проценти во последниот квартал од минатата година, полошо од очекувањата на аналитичарите, при што рецесијата се посилно ги вовлекува и силните економии, вклучително и Германија.

Европската централна банка денеска соопшти дека истражувањата покажуваат оти ќе треба да се анулира прогнозата за раст од 0,3 проценти тековнава година, и наместо тоа да се калкулира со раст од нула. За 2014 година, прогнозите се нешто пооптимистички, иако и за следната година планираниот раст од 1,3 проценти е намален на 1,1 отсто.

Европската централна банка соопшти дека ревизиите се предизвикани од слабиот четврти квартал минатата година, за кој беше прогнозирана негатива од 0,1 проценти, но таа достигна 0,6 отсто. Со таквиот исход, рецесијата влезе во третиот квартал едноподруго.

Досегашните податоци за 2013 година укажуваат на стабилизирање на состојбата, велат аналитичарите, иако прогнозите не се многу оптимистички и зависат од политичките ризици, како што се претстојните парламентарни избори во Италија и Германија.

За аналитичарите, особено опасна е состојбата во Германија, чија економија веќе падна за 0,6 проценти во четвртиот квартал, иако има и оптимистички прогнози.

„Генерално, германската економија доживеа пад кон крајот на 2012, но сите сигнали кои ги добиваме од ноември наваму укажуваат дека е можен брз пораст на почетокот на 2013 година“, вели аналитичарот Тимо Клајн од економскиот консултант ИХС Глобал Инсајт.

Дополнителни проблеми би можеле да се појават и поради состојбите во Шпанија и Италија, како и се’ поизвесното спасување на Кипар.