1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рефoрмите Харц 4 ја промашија целта

Една година од реформите на пазарот на работна сила, познати ако Харц 4: бројот на невработените и издатоците за нив зголемени

Протести против реформите Харц 4

Протести против реформите Харц 4

Кога реформите стапуваа на сила, со недели пред тоа имаше демонстрации дека се несоцијални и неправедни. Протестите главно беа насочени поради намалувањето на поранешната помош за невработеност на ниво на социјална помош. По 1-ви јануари 2005-та година социјалната и помошта за невработеност беа здружени во таканаречениот надомест за невработеност 2. Така примателите на социјална помош, способни за работа, требаше полесно да бидат пласирани на пазарот на работна сила.

Но, истовремено тие се појавија и во статистиките на невработените, па одеднаш нивниот број скокна на преку пет милиони. Петер Харц, раководител на комисијата за реформа на пазарот на работна сила, според кого реформите го добија и името, пред три години, вети намалување на бројот на невработени: „Ние стоиме зад тоа дека по три години сакаме да имаме 2 милиона помалку невработени“.

Во меѓувреме истражувачки институти во една студија констатираа дека големи делови од Харц-реформите ја промашија целта. На пример, таканаречените Персонал-сервис агенции, кои ги презедоа невработените и ги изнајмуваат на претпријатијата, за така тие полесно да дојдат и до редовно вработување. Но, ни со тоа не дојде до подобрено вработување на оние кои долго време чекаат на работно место.

Од самиот почеток дојде до недоразбирања околу компетенциите, бидејќи за примателите на надоместот за невработеност 2 се грижат и општините и агенциите за вработување. Покрај тоа, се чини дека трошоците на тој надомест ќе ги чинат даночните обврзници околу 26 милијарди евра, наместо 14,6 колку што процени претходната влада.

Бројот на приметелите на надоместот далеку ги надмина сите очекувања. Една од причините е што на многумина кои имаат потреба од помош, а порано се срамеле да се пријават како социјални случаи, надоместот за невработеност 2 им се чини помалку одбивен. Потоа, уште од самиот почеток овој надомест го побараа многумина кои самостојно стопанисуваат. Околу тоа се крена доста прашина.

Новиот министер за труд и социјала Франц Минтеферинг најави: „Ние ќе мораме да штедиме, но сосем ми е јасно дека злоупотребата ни оддалеку не е толку голема и битна според финансиското дејство, како што некое време се претставуваше“.

Наскоро ќе има промени во реформите Харц 4. Така на пример, во иднина повторно родителите треба да ја преземат обврската за невработените млади луѓе.