1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Реформскиот договор на ЕУ мина важна пречка во Чешка

Чешкиот Сенат гласаше „За“ Лисабонскиот договор. Претседателот на државата Вацлав Клаус изјави дека засега нема да го потпише актот за негова ратификација. Тој сака да ја сочека одлуката во Ирска.

default

Парламентот во Прага

Тоа беше борба за секој глас. Сепак на крајот одлуката во горниот дом на чешкиот парламент беше изненадувачки јасна. 54 од вкупно 79 присутни сенатори гласаа за реформа на ЕУ. Со тоа беше надмината најважната пречка во Чешка која покрај Ирска беше несигурен случај.

Трошоци и придобивки

Mirek Topolanek und Jose Manuel Barroso

Тополанек од евроскептичар, сега се залага за придобивките од ЕУ

Премиерот во оставка Мирек Тополанек во неговoто обраќање пред сенаторите се потруди за време на дебатата да говори за фактичката состојба. Станува збор за трошоци и придобивки, истакна Тополанек кој порано и самиот му припаѓаше на таборот на евроскептици. „Со гласање ’не’ за Лисабонскиот договор би ги затвориле вратите за нашите источни соседи, кои се’ уште сакаат да станат членки на ЕУ. Покрај тоа, таквиот чекор сите нас повторно би не турнал во рацете на Русија.“

Евроскептиците пак ги повторија уште еднаш нивните стари аргументи: На Чешка со Лисабонскиот договор и се заканува да ги загуби компетенциите и суверенитетот, големите земји од ЕУ како Франција и Германија би можеле да одлучуваат како сакаат и да диригираат со помалите членки. „Тука станува збор за целта да се создаде европска супер држава која никој не ја посакува. Никој не го прашал за тоа населението. Ако го направи тоа, одговорот би бил ’не’“, порача сенаторот Јиржи Оберфалцер.

Одлуката во Чешка би можела да внесе нова динамика во Европа

Конечно, меѓутоа Мирек Тополанек успеја да ги пробие своите аргументи. Одлуката на горниот дом на чешкиот парламент би можела да донесе нова динамиика во дебатата ширум Европа, зашто по подршката во Чешка сега само уште Ирска е принудена да дејствува. Ирците кои на референдум минатата година го отфрлија Лисабонскиот договор, би требало на есен да гласаат уште еднаш.

Tschechiens Präsident für Kontinuität in Prag während EU Semester

Чешкиот претседател Вацлав Клаус

Политикологот Јиржи Пехе, на позитивното гласање во Прага, меѓутоа гледа и како на порака до чешкиот претседател Вацлав Клаус. Двете големи партии во земјата, вели Пехе, сега стојат на иста позиција - против претседателот и неговиот евроскептичен курс. „Вацлав Клаус сега знае дека ако се обиде да ги провоцира двете големи партии, тогаш тие најдоцна по предвремените избори во октомври ќе му вратат мило за драго. Сега не е само една партија против Вацлав Клаус имено Социјалдемократите туку и неговата поранешна партија Граѓанските демократи се под раководство на Мирек Тополанек. Клаус сега мора да биде претпазлив“, вели Пехе.

Изгледа дека времињата кога во Чешка тонот во дебатата за Европа го наметнуваше критичарот на ЕУ, Вацлав Клаус се минато. Претседателот меѓутоа го остави отворено прашањето дали и кога тој ќе го потпише документот за ратификација на Лисабонскиот договор. Тој сака да ја сочека одлуката во Ирска.

Автор: Кристина Јансен / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска