1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Реформите во македонското правосудство сеуште блокирани

Во обидот да се деблокира изборот на нови обвинители,владата и постојниот државен обвинител предлагаат избор на нови 23 заменици,но по новата законска процедура ,исто така без законска основа,што опозицијата го критикува

default

Суд во Скопје

Завршете ги судските реформи,оваа честа критика и упатство од ЕУ и НАТО како да станува и излитена фраза,зашто застојот е дел од дневното политичко тактизирање на македонските политички елити.Случајот со Законот за јавни обвинители станува политичка инерција.Партиите немаат согласност и не може да се постигне двотретинско мнозинство во Парламентот.Во обидот да се деблокира изборот на нови обвинители,владата и постојниот државен обвинител Шврговски,предлагаат избор на нови 23 заменици,но по новата законска процедура и исто така без законска основа.

Од опозицијата веднаш реагираат со критика дека е тоа ново тактизирање на владата.