1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Реформиран СДСМ или нова политичка партија!?

На Македонија и е потребна силна опозиција без разлика дали таа ќе се вика СДСМ или поинаку, сметаат дел од аналитичарите.

На Македонија и е потребна силна опозиција без разлика дали тоа ќе биде реформиран СДСМ или нова политичка партија, коментираат за Дојче веле политички аналитичари во земјата. Тоа што во моментов се случува внатре во СДСМ, поделбата или групирањето околу кандидатите за нов лидер, односно најавите на нејзини поранешни членови за формирање нова партија од една страна е сигнал за позитивни промени, но истовремено и неизвесност околу тоа дали промените ќе исфрлат на сцена нов лидер, или пак нов субјект кој ќе биде доволно кадарен да ја ресетира “подзаспаната“ опозиција.

Професорот Жидас Даскаловски смета дека во моментов е ирелевантно дали на политичката сцена ќе се случи реформиран СДСМ или нов политички субјект доколку тие не понудат нов пристап до граѓанството по однос на горливите теми за земјата: економскиот развој, односот Македонци- Албанци, приодот кон прашањето на како што вели, грчката агресија кон уставното име и квалитетот на демократијата и евроинтеграциите:

„На земјата и треба квалитетна опозиција која би била коректор на власта и генератор на нови идеи и дебати во полето на јавни политики. Потребно е и да се престане со персонални дисквалификации и напади, а да се обрне внимание на квалитетни анализи и дискусии за проекти. Локалните избори беа еден прв чекор во таа насока и охрабрувачки би било доколку реформираниот СДСМ и/или новата партија влезат во костец со власта за суштествени дебати и околу проектот за развој наместо да се води борба на ниво на политиканство и лидерски суети“, коментира Даскаловски.

Потребна е силна опозиција

За политичкиот аналитичар Петар Арсовски е поважно да има каква било

Nikola Gruevski nach den Parlamentswahlen in Mazedonien

Потребна е силна опозиција која ќе биде контролор на власта: Никола Груевски

разрешница во опозицискиот блок отколку неговата форма. Фактот што на македонската политичка сцена ќе се случува некаков процес на еволуција според него е позитивен развој бидејќи на секоја демократија и е потребна силна опозиција:

„Дали СДСМ ќе успее да се реконституира во таква опозиција, или таа ќе добие форма на некакви нови политички субјекти е секундарно, иако сметам дека "ситнењето" на опозицијата ќе им ја направи работата потешка и на СДСМ и на евентуално новите партии. По се изгледа дека нови политички субјекти ќе се појават секако, во обид да ја освојат политичката територија која досега му припаѓаше на СДСМ. Истовремено, од квалитетот на реформите во СДСМ со новото раководство ќе зависи дали тие од овој процес ќе излезат посилни или послаби. Во основа, процесите се обратно пропорционални, односно, ако СДСМ успее да се реформира во силна опозиција, шансите на другите партии се намалуваат, и обратно“, смета Арсовски.

Со сличен став е и аналитичарот Сашо Клековски:

„Простор за нова голема партија ќе се создаде, само ако СДСМ не се соочи со потребните реформи и продолжи со серијата неуспеси на изборите, што неминовно ќе води во нивен распад. И обратно, ако СДСМ се реформира, нема да остане простор за алтернатива “. Тој потсетува дека на Македонија во последниве две децении и се случија неколку обиди за отцепувања или формирања на нови партии што не донесоа позначајни промени:

Тешко до нова голема партија

„Од СДСМ се отцепи Демократската партија на Петар Гошев и НСДП на Тито Петковски. Од ВМРО-ДПМНЕ се отцепија ВМРО-НП и многу други партии со предзнакот ВМРО, од ДПА се отцепи Нова Демократија. Демократска алтернатива започна како нова партија. Сите тие стартуваа со сериозна поддршка која се движела и до 100.000 гласачи. Но повеќето од нив по неколку изборни циклуси ја изгубија поддршката, поради сопствената идеолошка недоследност и обезличување со без принципи коалицирање лево-десно, како и

EX-Premierminister von Mazedonien Vlado Buckovski

Владо Бучковски најавува нова политичка партија

стеснетиот простор на македонскиот идеолошки спектар. Поради последното, стеснетиот простор на македонскиот идеолошки спектар, нова политичка партија не ќе може да биде голема. Поголем простор за нова политичка партија ќе се создаде само со распад на постоечките големи партии, како што било случај во Италија или други земји“, смета Клековски.

Внатрепартиската битка за лидерското столче во СДСМ е пред кулминација. Поранешниот лидер на социјалдемократите Владо Бучковски го екипира новиот политички субјект, а како последно од вчера во игра е уште една политичка партија за чие формирање размислува и Стевчо Јакимовски.