1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Реформа на Пактот за стабилност

Земјите од регионот на ЈИЕ постигнаа согласност за реформа на Пактот за стабилност и соработка во рамки на нова регионална организација на патот кон евроинтеграциите. Европреставниците на работната маса во Белград нагласија дека процесот не значи и замена за членство во ЕУ.

Ерхард Бусек

Ерхард Бусек

Регионалната работна маса на Пактот за стабилност официјално заврши со документ закључоци во кој меѓу останатото стои дека земјите од регионот на ЈИЕ се согласиле да го преземат водството на една нова регионална организација, која во наредните 18 месеци ќе ги преземе работите и одговорностите на Пактот.

Транзициониот период би требало да заврши до почетокот на 2008 година. Дотогаш регионален совет за соработка би требало на едно место да ги собере земјите од ЈИЕ вклучувајќи ги и преставниците на УНМИК на Косово и меѓународната заедница. Предвидено е до пролетта наредната година земјите од регионот да кандидираат значајна политичка личност за генерален секретар на советот за соработка. Неговата работа ќе ја финансираат земјите од регионот, европската комисија и заинтересираните донатори.

Најголем дел од учесниците оценија дека регионалната соработка и евроатланстките интеграции се два процеса кои не можат да се одвојуваат. Нагласена е потребата од отворање на канцеларија на советот во Брисел за поблиски контакти со европските институции. Еврокомесарот за проширување Оли Рен нагласи дека регионалната соработка е од посебно значење за малите земји:

„ Ова е голем ден во историјата на Пактот за стабилност бидејќи е време во кое треба да се премине од размислување на носење одлуки„

За разлика од Пактот за стабилност кој се однесува на 25 области, советот ќе се концентрира на 5 клучни прашања. Економско социјалниот развој, инфраструктурата, внатрешни работи и правосудство, безбедносна и парламентарна соработка. Учесниците на собирот го поздравија успешниот референдум во Црна Гора и ги повикаа Белград и Подгорица на дијалог. Закључено е дека и Косово под водство на УНМИК оставрило значаен напредок во регионалните активности. Еврокомесарот за проширување Оли Рен за време на одвоените средби со претседателите на Србија и Црна Гора Борис Тадиќ и Филип Вујановиќ разговарал за односите по референдумот за независност и продолжување на преговорите со ЕУ

„ Кога ќе бидат објавени официјалните резултати на референдумот очекувам од Белград и Подгорица да започнат конструктивен дијалог за раздвојување заради добрите и корисни меѓусебни односи„

Српскиот претседател Тадиќ изајви дека Белград е свесен за обврските кон хашкиот трибунал и додаде оти очекува потези на добра воља на ЕУ во вид на либерализација на визниот режим.