1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Реформата на ОН-„заборавена“ тема?

Заседанието на Генералноот собрание на ОН и оваа година го одбележаа судирите на Блискиот и Средниот исток,новите спорови меѓу западните земји и исламскиот свет. Ова најавената реформа на ОН ја потисна во втор план

default

На Генералното собрание на ОН дојде и до синхронизиран напад од јужноамериканските лидери Чавез и Моралес против велесилата САД,а министерот за надворешни работи на Германија,Франк Валтер Штајнмаер предупреди од опасноста од создавање нови непријателски еден кон друг настроени блокови.

За темелната реформа на Советот за безбедност на ОН се зборуваше помалку отколку минатата година,иато темата под итно мора да се најде на дневен ред.

Генералното собрание на ОН е тело во кое подеднакво се вреднува секој глас,без разлика дали станува збор за држави џуџиња или за велесили.И покрај тоа,улогите во ОН се јасно поделени,најдобар доказ е дебата која беше водена оваа година.Вистински моќници се петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.Тие се свесни за своите привилегии и прават се така вечно и да остане.Суштинска реформа на ОН затоа е само сон на непоправливите оптимисти.И шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер оваа тема ја начна на крајот од својот говор од обврска.

Втората група ја сочинуваат провокаторите.Тие ја користат генералната дискусија за да се пресметаат со вечните непријатели и да ги критикуваат ОН.Оваа година така постапи претседателот на Венецуаел Хуго Чавез кој во својот детински говор американскиот претседател Џорџ Буш го претстави како ѓавол.Вниманието на свестката јавност им влева самодоверба на провокаторите,но тие истовремено го валкаат угледот на ОН како место за разбирање на народите.Постои и трета група во која спаѓа и Германија.Тоа се земји без кои ОН би биле само кулиси,зашто тие даваат најголем финансиски придонес,а исто така учествуваат и во бројни мировни мисии.Германскиот министер за надворешни работи ги наведе сите горливи свестки кризи во светот каде Германија заедно со другите земји прави се за тие да бидат решени.Жално е што оваа листа од годихна во година се зголемува,билансите против ударите во Авганистан и на Блискиот исток се поразителни.При тоа не треба да се заборави дека западниот и исламскиот свет можат да се најдат во подолготрајна конфронтација.

ОН би требало да понудат ориентација и визија за сите овие проблеми,да придонесат за доверба и излекување.Таквата желба е разбирлива,иако е јасно дека ОН се преоптоварени..Секоја натамошна година без внатрешна реформа значи губење на довербата во Светската организација.Со овој факт се објаснува и се поголемиот број шефови на држави кои од говорницата на ОН порачуваат дека организацијата со својата сегашна структура за нив нема никаков легитимитет.Кога Штајнмаер од истата говорница ја изнесува својата надеж дека дека ОН би можеле да доживеат ренесанса со оглед на бројните судири во светот,тогаш тој премногу лесно преминува преку најважниот проблем на Светската организација.Зашто,таа не може да преживее без општо уважување и уверливост,а токму тоа е она што недостасува.Се разбира дека ОН се неизбежни во борбата против сиромаштијата,гладот и болестите.Но,тешките прекршувања на човековите права како оние во Дарфур не се спречени.Причините за тоа треба да ги побараат токму земјите како Греманија,наместо дисусијата за нив да им ја препуштат на провокаторите.

Нина Веркхојзер