1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Референдум за статусот на Фолкландите

Фолкландските острови ќе одржат референдум за својот политички статус во првата половина на 2013-та година за да се стави крај на спорот со Аргентина околу суверенитетот на островите, соопшти владата на Фолкландите.

Најавата за референдум доаѓа среде тензиите меѓу Британија и Аргентина околу островите за кои двете земји водеа војна во 1982-та година. Властите во Порт Стенли веруваат дека по изјаснувањето на жителите на Фокландите за иднината на островите, ќе престане сегашната тензија на која се изложени.

Островите се британска прекуморска територија уште од 1833-та година и никогаш не биле составен дел на Аргентина. Владата во Буенос Аирес тврди дека Фолкландите, или Малвинските острови како што ги нарекуваат Аргентинците, се аргентинска територија, па од пред две години ги обнови барањата до официјален Лондон за почнување преговори за нивниот суверенитет. Британската влада ја одбива таквата понуда, нагласувајќи дека за идниот статус на оваа територија може да одлучуваат само нејзините жители.

Großbritannien Falkland Krieg Flagge in Axax Bay Jahrestag

Британски трупи на Фолкландите во 1982 година

Во 1982-та година, аргентинската армија на тогашната воена хунта во Буенос Аирес, изврши инвазија на Фолкландите и ги држеше под окупација 74 дена. Владата на Маргарет Тачер испрати воена сила, по што се разви војна во која загинаа илјада луѓе на двете страни. Војната заврши со пораз на Аргентинците.
На дотогаш небранетите острови, подоцна Британците изградија воздухопловна база, а воени бродови на Кралската морнарица оттогаш редовно го посетуваат Порт Стенли. На островите живеат само три илјади луѓе, а сите досегашни анкети покажуваат дека тие сакаат да останат Британци.

Новата криза настана откако британски компании почнаа да истражуваат наоѓалишта на нафта во крајбрежните води, што владата на Аргентина го оквалификува како „илегално“ и како „земање на туѓо природно богатство“. Во знак на одмазда, владата во Буенос Аирес воведе економска блокада врз Фолкландите.