1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Референдум во Швајцарија за законот за азил

Со оглед зголемениот број бегалци, во Швајцарија денеска се одржа референдум за новиот закон за азил. Граѓаните одлучија заострениот закон, кој е во сила од минатиот септември, и натаму да важи.

Во Швајцарија денеска се одржа референдум за ревизија на законот за азил.

Швајцарците со јасно мнозинство го потврдија новиот закон за азил, кој предвидува забрзана постапка и помали можности за поднесување на барање за азил. Според пребројувањата денеска 80 проценти од учесниците на референдумот се изјаснија за построгиот закон.

Промените за законот за азил, кои владата ги предложи, беа усвоени на крајот на септември од парламентот во Берн и веднаш стапија во сила. Противниците сметаа дека народот треба да одлучи дали треба да се повлечат промените во законот. За тоа меѓу другите се залагаа синдикатите, организациите за човекови права, црквите, и политичката Левица. Тие критикуваат дека мерките ќе претставуваат заострување на досегашната пракса и ќе имаат за цел одбрана од барателите на азил.

Министерката за правда од редовите на социјалдемократите Симонета Зомаруга наспроти ваквите тврдења уверуваше дека и покрај забрзаната постапка за барателите за азил, „луѓето кои навистина се загрозени и натаму ќе добијат заштита во Швајцарија“.

Граѓаните нема да гласаат за министрите

Освен за законот за азил граѓаните на Швајцарија одлучуваа и за тоа дали швајцарската влада во иднина ќе биде бирана директно од народот или како досега од парламентот. Исто така со јасно мнозинство Швајцарците се изјаснија против оваа иницијативата. Според досегашните резултати 70 проценти од учеснците на референдумот биле против иницијативата.

Национал-конзервативната Швајцарска народна партија го образложи предлогот, со тоа дека на тој начин би се зајакнала директната демократија во Швајцарија, доколку не парламентот, туку граѓаните со право на глас ги бираат седумте министри во Берн. Противниците на предлогот аргуметираа дека на тој начин членовите на владата практично постојано би биле во изборна трка.