1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Референдум во погрешно време

Турските граѓани на референдум се изјаснија за промени на уставот. Претседателот на земјата во иднина ќе го бира народот. Баха Ѓингер во својот коментар забележува дека референдумот е одржан во погрешно време

default

Резултатот од референдумот не го изненадува никого. Околу 70% од глчасачите се изјасни за тоа претседателот во иднина да се бира од страна на народот. Претседателот ќе има мандат од пет години со можност за уште еден резибор. Досега претседателската функција беше ограничена на мандат од седум години. Покрај тоа усвоените реформи предвидуваат парламентарните избори да се одржуваат на секои четири години, а не како досега на пет години.

Ова не беа толку важни промени за кои премиерот Редоан требаше да побара потврда на референдум. Ќе беше многу подобро кога нартодот би го бирал претседателот во еден плуралистички и јасно дефиниран демократски систем. Дали Турција ќе стане република со големи овластувања на еден човек-претседателот? Какви ќе бидат неговите овластувања? Што ќе биде со надлежностите на парламентот?

За референдумот може да се каже дека е спроведен во погрешно време, зашто премиерот Ердоан сакаше да го наметне својот став на опозицијата и лаицистичката елита и со тоа безпотребно да ја поларизира јавноста. Во овие моменти би било подобро наместо неконтролирани емоции да владее политичка смиреност. Се поголема е можноста дека турската армија ќе интервенира во северниот дел на Ирак и ќе ги нападне упориштата на борците на Курдската работничка партија. Тоа би значело конфронтација со интересите на САД и со соседната земја. Вчерашните жестоки борби резултираа со одлука на владата и претседателот дека мора да се преземат поостри воени мерки против курдските бунтовници.

Случувањата во земјата која е членка на НАТО го загрижи и Вашингтон. САД изразуваат жалење заради жртвите на турска страна и ги разбираат огорчените реакции во Анкара. Истовремено од Пентагон пристихна предупредување дека брза воена интервенција без претходни операции на тајните служби би можела да донесе големи загуби на турска страна, но и цивилни жртви.

Ова би можело да се толкува и како противење на САД на плановите на Турција, но и како понуда за реализирање на целни напади со поддршка од разузнавачките служби во Пентагон. Ова е јасе сигнал за западот и за турското население дека актуелните политички проблеми одамна го надминаа се она за ради што се организираше вчерашниот референдум.