1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Референдумот за Уставот во Египет заврши мирно

Египќаните гласаа за нов Устав. Граѓаните, спoред анкетите, во голема мера ги одобрија промените. Исходот од референдумот може да има влијание врз претстојните претседателски избори.

По референдумот во Египет се навестува голема согласност од граѓаните за новиот Устав во земјата. Предлог Уставот добил поддршка од 95 проценти, соопшти еден поранешен претставник на Министерството за внатрешни работи. На референдумот учествувале најверојатно 55 проценти од жителите со право на глас. Официјалните резултати треба да биде објавен во рок од три денови.

Новиот Устав содржи напредок за граѓанските и правата на жените, но истовремено ја зајакнува позицијата на војската.

Референдумот се смета за тест за расположението на граѓаните во однос на шефот на армијата и министер за одбрана Абдел Фатах ал Сиси. По соборувањето на претседателот Мохамед Мурси, изминатото лето, тој е првиот човек на Египет. Ал Сиси најави дека ќе се кандидира за претседателските избори доколку „народот го сака тоа“.

Приврзаниците на Мурси повикаа на бојкот на референдумот. На протестите против гласањето, во вторникот беа убиени девет луѓе. Во целата земја беа упасени повеќе од 350 лица.