1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Референдумот во северно Косово- вовед во промена на власта во Србија?

Референдумот на Србите од северот на Косово преставува натамошна радикализација. Тој отвора можност за слични референдуми и во Србија и е вовед во заминувањето од власт на Борис Тадиќ, сметаат аналитичарите во Белград.

default

Северниот дел на Косовска Митровица

Отпорот на Србите на северот на Косово во почетокот беше под силно влијание на Борис Тадиќ и на белградските власти, но тие со тек на времето сватија дека Тадиќ има углед но нема влијание, оценува за Дојче Веле, политичкиот аналитичар Душан Јањиќ. Истотака се виде дека Тадиќ сепак оди во правец на компромис со ЕУ, што доведе до заострување на ставовите, вели Јаниќ.

„Идејата за референдум претставува радикализација на тоа движење, и сигурно е подготовка да се прогласи отфрлање на косовските институции. Или како што би рекле во Србија, за отцепување или за останување. Значи работата е многу конфузна на ниво на терминологијата, но практично се сведува на идејата за поделба на Косово“.

Kosovo Serben Straßenbarrikade bei Zupce

По барикадите, сега референдум на северот на Косово

Светлана Ѓурѓевиќ Лукиќ, заменик претседател на Форумот за меѓународни односи од Белград, потсетува дека идејата за референдум фикурирала и во плановите на меѓународната заедница околу конечниот статус на Косово:

„Се разбира, тогаш под тоа се подразбираше Косово во целост, и неговата територија на која тоа беше формулирано во СФРЈ, но сепак факт е дека постои некој прозор кој луѓето од Косово можат да го искористат“.

Вирус од референдуми?

Меѓутоа оддржувањето ваков референдум , доколку Белград не реагира порешително да го спречи, значи дека потоа се отвораат можности и на територијата на Србија да се одржуваат референдуми, вели Светлана Ѓурѓевиќ Лукиќ.

„Гледаме дека Албанците на југот на Србија кои пред речиси 20 години организираа еден нелегален референдум, имаат можност да го повторат тоа или барем да укажат на нивните барања“.

Ѓуѓевиќ Лукиќ вели дека по откажувањето на Белград од својата резолуција во ОН за Косово, стана јасно дека прашањата на Косово и на европските интеграции се поврзани.

„Сега секое движење во спротивна насока, а да не зборуваме за референдум, може да се толкува од европските партнери како неподготвеност на Белград во целост да се заврти кон ЕУ, и да го остави зад себе прашањето на Косово“.

Boris Tadic

Српскиот претседател Борис Тадиќ

Пат кон губење на власта

Душан Јањиќ смета дека мали се шансите со тој референдум да се добие нешто во пракса, но бунтот на Србите ќе се легитимизира, што пак натаму ќе ја оддржува тензијата на северот на Косово. Тоа ќе значи дека деверот на Косово дефинитивно не е т.н замрзнат конфликт и тоа ќе има повеќекратни ефекти, оценува Јањиќ.

„Првиот ефект е дека е отежната ЕУ-кандидатурата на Србија и илузијата на Белград дека сепак ќе ја добие. Мислам дека истотака се разобличува немоќта на Борис Тадиќ и на Демократската партија да влијаат на процесите на северот на Косово, а тоа значи и во добар дел на самата Србија. Како трет неспорен ефект, со оглед дека е изборна година, ќе биде тоа дека Косово ќе остане битна тема на изборната кампања и оти на таа тема сегашната владејачка коалиција не може ништо да добие туку може само да изгуби“.

Во таа смисла Јањиќ прогнозира дека овој референдум е најава за заминувањето на Борис Тадиќ од власта и оти сега се поставува само прашањето на механизмот на тоа заминување.

„Искуството не учи дека кога ќе дојде до ваков расцеп околу косовското прашање, тогаш обично паѓа власта во Белград“, истакнува Јањиќ.

Автор: Ивица Петковиќ/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски