1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Реслер на разговори со грчката влада и претпријатија

Германскиот министер за економија Филип Реслер е со делегација менаџери во посета на Грција. Тој упати апел до ЕУ да создаде банка за поттик на грчките средни претпријатија.

default

Филип Реслер со грчкиот колега Михалис Хрисохоидис

За време на посетата на Атина Реслер изјави дека Германија е подготвена да ги пренесе своите искуства во оваа сфера со Банката за обнова (КфВ). За време на германско-грчкиот економски форум, што вчера се одржа во Атина, германскиот министер за економија и вицеканцелар, освен тоа, од Грција побара подобри услови за инвестирање во земјата, како побрзо добивање дозволи, правна сигурност и подобри можности за финансирање. Интерес за инвестирање во Грција покажува пред се‘ соларната бранша во Германија. Дел од 70-члената делегација со Реслер се и претставници на машинската индустрија и на туризмот, како и луѓе од финансиската бранша. Денеска на дневен ред на посетата на Реслер се разговори со грчката влада и претпријатија.

Автор: ЕМФ/дв

Редактор: С. Недевски