1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Република Српска - стекнато право или стекната неправда?

Политичарите од Република Српска тврдат дека таа е израз на волјата на српскиот народ во БиХ. Но Бошњаците и многу Хрвати ја оспоруваат поради злосторствата сторени во нејзино име во војната во 90-те години.

default

Карта на БиХ со територијалната поделба на Република Српска и на Федерацијата на БиХ

„Најголем дел од Бошњаците и Хрватите сметаат дека Република Српска (РС) е стекната неправда, додека Србите веруваат дека РС е стекнато право. Таквите диференцијации со тек на времето ќе ослабнат бидејќи на сите им е јасно дека треба да се обедбеди каква -таква функционалност на БиХ за нејзина интеграција во Европската унија“, вели за Дојче Веле поранешниот претседател на Република Српска, Драган Чавиќ.

Дваесет години по формирањето на Република Српска, голем е степенот на разочараност со животните услови, истакнува Чавиќ.

„Мнозинството е крајно незадоволно и многумина го поставуваат прашањето на смислата на целиот свој ангажман во војната, особено оние кои останаа инвалиди и војната ја доживеаја како најтешка хаварија. Тој економско - социјален апсект денес е клучен проблем во Република Српска“, истакнува Чавиќ.

Flagge Serbische Republik

Знамето на Република Српска

Чавиќ: „Израз на волјата на српскиот народ во БиХ“

Во политичка смисла според Чавиќ потврдено е дека Република Српска е админсистративно-територијална единица која може да обезбеди долгорочна стабилност и решавање на српското прашање во БиХ.

Токму затоа тој поставувањето прашања за државната самостојност на Република Српска го смета за попилистичка политика која има една едниствена цел- да го сврти вниманието од реалните социјално-економски проблеми“. Тој притоа мисли на актуелниот претседател Милорад Додик кој во синоќешното (08.01.2012) обраќање порача:

„ РС треба да остане мирна , без некои социјални потреси без оглед на причините, бидејќи тогаш мршојадците од Сараево и од меѓународната заедница дефинитивно би пробале да ја распарчат“.

Политичкиот аналитичар Миодраг Живановиќ за Дојче Веле истакнува дека политичарите од двата ентитети се почесто се повикуваат на стабилноста.

„Достигнувањата на РС во изминатите 20 години ги гледам поинаку од актуелните политичари. Состојбата е навистина катастрофална, како во РС така и во цела БиХ и смешно е што Република Српска и федерацијата БиХ се натпреваруваат кој е ’постабилен’“, вели Живановиќ.

Das Parlament der Serbischen Republik in Banja Luka

Парламентот на Република Српска во Бања Лука

„Создадена со злосторства и геноцид“

Директорот на институтот за истражување на злосторствата против човештвото и меѓународното право во Сараево, Смаил Чекиќ потсетува дека во времето на создавањето на РС со воени злосторства е извршена промене на етничката слика на БиХ , без која РС не би била возможна.

„Сите расположиви документации, меѓународни и национални судски пресуди го потврдуваат фактот дека Република Српска е створена со воени злосторства и геноцид, со тешки прекршувања на меѓународното хуманитарно право и обележана и натапена главно со бошњачка крв, а во неа и денес легално дејствуваат фашистички организации“, вели Чекиќ.

„Република Српска Босна и Херцеговина“ е прогласена на 9 јануари 1992 година , а на 12 август нејзиното име е променето во „Република Српска“. Од Дејтонскиот договор во 1995 година наваму Република Српска е ентитет во Босна и Херцеговина кој опфаќа 49 насто од нејзината територија. Денот на Република Српска се одбележува на 9 јануари.

Автор: Самир Хусеиновиќ/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски