1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Републиканците му подаваат рака на Обама

По реизборот на Барак Обама за американски претседател, Републиканците во Претставничкиот дом, каде повторно имаат мнозинство, понудија преговори за да се постигне компромис за буџетот.

Претседателот на Претставничкиот дом, Џон Бенер од Републиканската партија, најави подготвеност за преговори околу буџетот за да се затворат „дупките“, но сепак, го отфрли барањето на Демократите за зголемување на данокот за богатите.

Обама претходно ги повика Републиканеците на соработка во Конгресот за да се намали буџетскиот дефицит, да се реформира даночното право, како и законите за доселување и САД да ја намалат зависноста од странска нафта.

Доколку во Конгресот и Сенатот, во кој инаку мнозинство имаат Демократите, не се постигне согласност за подигнување на границата на задолжување, на САД на крајот од годината им се закануваат автоматско зголемување на даноците и кратење на издатоците. Тоа би можело да ја турне земјата повторно во рецесија.