1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Републиканците жестоко го критикуваат Обама поради ракетниот штит

Опозиционите Републиканци сметаат дека одлуката на американскиот претседател Барак Обама да не се инсталира планираниот антиракетен штит во Полска и Чешка е - погрешна. Русија е задоволна.

default

САД нема да го инсталираат планираниот антиракетен систем во Источна Европа. Американскиот претседател Барак Обама одлуката ја објасни со тоа што опасноста од Иран не е толку голема, колку што претходно се стравувало. Во редовите на Републиканците во САД оваа одлука наиде на жестока критика. Контрахентот од претседателските избори, сенаторот Џон Мекејн, смета дека одлуката е погрешна. Тој му префрли на претседателот дека со овој чекор го нарушува американскиот углед во Источна Европа.

Москва вели дека одлуката е почеток на дијалог

Русија, пак, со олеснување и делумно задоволство реагираше на одлуката на претседателот Обама. Цврстиот став на Кремљ се исплатеше по ова прашање. Константин Косачов, кој во руската Дума се занимава со надворешна политика, чекорот го оквалификува како значајна корекција на американската надворешна политика: „Администрацијата на Буш никогаш не не` разбра вистински. Ако правилно ја интерпретирам одлуката, владата на Обама почнува да не` разбира. Ова не е финале, не е совршена хармонија и се` уште не е постигнато апсолутно усогласување на ставовите, но сигурно претставува дијалог, сфаќање на позициите на Русија. Нашите аргументи немаат помало значење и не се помалку сериозни, отколку националните безбедносни интереси на САД.“

Автор: Ралф Зина / Штефан Лак / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM