1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Републиканците во САД мора да се престројат

Републиканците се на крстопат. Ако се ориентираат кон движењето „Ти парти“, постои опасност натамошно да им се намалува поддршката. По поразот во спорот околу буџетот, партијата мора да се одлучи по кој пат ќе тргне.

default

Тешки времиња за републиканците. Според анкетите партијата има толку мала поддршка, како што долго не било случај. Само уште 32 проценти од Американците ѝ даваат поддршка на партијата. Но, поради спорот околу буџетот не страдаше само надворешната слика за републиканците, туку во внатрешноста на партијата се водат битки. По поразот во борбата против реформата за зравство на претседателот „Обамакер“, партијата е поделена. Умерените членови стојат на една страна, додека на другата страна се членовите на движењето „Ти парти“ (Tea-Party). Партијата меѓутоа треба да се донесе одлуки, појаснува Моли Џекман од американскито тинк-тенк „Brookings Institution“ за Дојче веле. „Богатите, традиционални републиканци, кои сакаат намалување на даноците и поголеми регулации, мораат да размислат, дали ќе се придржуваат до партијата и ќе се борат против 'Ти парти' или ќе сакаат да одат во друг правец“.

Овој друг правец, според мислењето на Моли Џекман има две опции. Едната е поделба на Rепубликанската партија. Тогаш од движењето „Ти парти“ ќе произлезе сопствена партија. Другата е умерените републикаци да им се приклучат на демократите. Тоа би го ослободило патот за радикална републиканска партија под раководство на „Ти парти“. „Време е за ново позиционирање. Не знам дали ќе се создаде трета партија, но дефиницијата кој е демократ, а кој републиканец ќе се смени“, вели Џекман.

На републиканците им треба харизматичен водач

USA Shutdown Protest

Ако повторно дојде до блокада, Американците ќе излезат на барикади

Во случај на поделба на републиканската партија потребни ќе бидат харизматични личности - водачи. Кај „Ти парти“ движењето toa би бил сенаторот од Тексас Тед Круз. Умерените републиканци би можеле да останат без раководство. За време на спорот околу буџетот Џон Бeнер, портпаролот на републиканците во Претставничкиот дом, застана на врвот на партијата. Но откако мораше да го признае поразот на републиканците, неговата позиција е заслабната. „Рапубликанците сѐ уште размислуваат за поразот. Кој прв ќе одлучи дека не треба повеќе да им се подлегне на барањата на 'Ти парти', тој има потенцијал да ја води партијата“, вели Моли Џекман.

Постојат некои кандидати, за кои се смета дека би можеле да бидат иден водач на републиканците. Тоа е на пример Пол Рајан. Мит Ромни, vo 2012 година претседателски кандидат на републиканците, сакаше него да го постави за вицепретседател. Денес Рајан работи во Конгресот во комисијата за буџет. За време на блокадата тој објави гостински текст во „Вол стрит журнал“. Тенорот во него: и двете партии би морале да седнат и заеднички да разговараат за да се спогодат за решение. Тој дури призна дека по некои точки се согласува со Обама - за хардлајнерите во неговата партија невозможно признание.

Друг кандидат за раководната функција би можел да биде Крис Кристи. Гувернерот од Њу Џерси во моментов се бори за реизбор и веќе се смета за можен претседателски кандидат на републиканците во 2014 година. Пред републиканските сенатори Кристи изјави: „Погрижете се за тоа владата да може повторно нормално да работи. Престанете да се глупирате“.

USA Haushaltsstreit Einigung Kompromiss Republikaner John Boehner Washington USA

Џон Бонер е заслабнат но неговата иднина не е запечатена

Меѓутоа и иднината на Џон Бенер, портпаролот на републиканците во Претставничкиот дом, сѐ уште не е конечно запечатена. Иако во спорот за буџетот доцна застана против движењето „Ти парти“, тоа што воопшто го направи тој чекор, наиде на позитивни реакции кај многумина сопартијци.

За одлуката како понатаму во сопствената партија, републиканците немаат многу време. Границата на долговите е подигната само до почетокот на февруари, преодниот буџет истекува веќе во јануари. Тогаш републиканците и демократите мораат да постигнат комрпомис - во поинаков случај повторно може да се случи на владата да и‘ снема пари.

„Доколку дојде повотрно до блокада, Американците ќе излезат на барикади. Но тешко може и да се замисли компромис, доколку републиканците и натаму се под влијание на 'Ти парти'“.

Во меѓувреме поддршката за движењето „Ти парти“, според анкетите, опадна на рекордно ниско ниво. Тие имаат само 23 проценти поддршка - и со тоа уште пониска од републиканската партија севкупно.