1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Репресалии против критичките градски планери на Истанбул

Турската влада непопустливо реагира на протестите во Истанбул. На критички настроената Комора на архитекти и инженери дури им е забрането да соучествуваат во планирањето на градот.

Таа била „нелегална организација“ - Платформата за солидарнсот за Таксим - вака, според информации на турскиот весник „Радикал“ пишувало во последниот истанбулски полициски извештај. Платформата, од почетокот на демонстрациите е еден од најважните претставници на протестното движење. На почетокот на неделата при демонстрации во Истанбул беа приведени 50 луѓе, меѓу нив и седум членови на Платформата за солидарност. 12 од нив беа обвинети, меѓу кои и архитектот и портпарол на Платформата Мучела Јапичи и генералниот секретар на Лекарската комора на Истанбул Али Черкезоглу.

Образложението на државното обвинителство: Преку социјалните медиуми, како Твитер и Фејсбук, платформата од почетокот на протестното движење поттикнувала луѓе на големи демонстрации и со тоа му наштетила на јавниот ред. Освен тоа полицијата на интернет била претставена како непријател на нацијата. Суд во Истанбул меѓутоа во четвртокот (11.07.2013) нареди ослободување на сите обвинети поради недостиг на доказен материјал.

„Тоа е чест за нас“

Тајфун Караман, еден од најважните застапници на Платформата за солидарност за Таксим и претседател на Коморта за градско панирање на Истанбул смета дека обвинувањата, пред се' во однос на социјалните медиуми, се смешни. „Ако една земја може да биде водена преку Твитер, тогаш нашата ситуација навистина е многу тешка. Тоа нема никаква смисла. Не станува збор за тоа да се поведе една земја, туку тоа беше реакција на луѓето, една општествена реакција на полициското насилство“, вели Караман во разговор за ДВ.

Yasar Adanali

Јашар Аданали

Во полицискиот извештај се наведуваат и многу други интернет странции дека наводно го подбуцнувале народот. Така на пример интернет страницта „Gezi Hukuku“ (Гези право) создавала хаос. Тоа е инцијатива на активисти за човекови права и адвокати основана на почетокот на протестите за Гези паркот. „Обвинувањата ги сфаќаме како чест“, вели политикологот и активист за човекови права Јашар Аданали во разговор за ДВ. Аданали самиот работи за иницијативата и го радува дека наидува на внимание. „Кај последните приведувања, уапсените уште од самиот почеток беа изложени на физичко и психичко насилство“, појаснува Аданали. Мажите и жените морале да се соблечат голи и биле нечовечки третирани, наведува тој. „Притоа ние легално се однесувавме и се придржувавме до законите, за да го изразиме нашиот протест. И тогаш не обележуваат како илегалци. Тоа ги покажува размерите на ова лудило“, вели Аданали.

Исто така било смешно Платформата за солидарност за Таксим да се категоризира како нелегална. „Платформата е собир од повеќе различни организации. Тука се вклучени Гринпис, ЦХП, најголемата опозициска партија на Турција, работнички сојузи и многу повеќе. Сето тоа се нелегални институции“, иронично нагласува политикологот.

Властите се обидуваат да ја криминализираат платформата за населението и да ја претстават како нелегална организација, вели тој. „Ако е навистина нелегална организација, зошто тогаш премиерот Ердоган пред неколку недели се сретна на разговор со претставници на платформата и дискутираше за барањата на протестното движење? Ненадејно стана нелегална организација. Тоа нема никаква смисла“, критикува политикологот.

Владата ги казнува поддржувачите на протестите со закон

Владејачката партија АКП во меѓувреме иницираше натамошни чекори против една од организациите која учествува на протестите. Во вторникот парламентот усвои еден од предлог законите на АКП, кој на Комората на архитекти и инженери во иднина им забранува соучество во проектите за градското планирање.

Оваа комора е еден од најголемите критичари на плановите за изградба за Гези паркот и масовно го поддржуваше протестното движење. Истанбулската канцеларија фунгира и како секретаријат на Платформата за солидарнсот за Таксим.

Тајфун Караман, претседателот на Комората за градско планирање на Истанбул и активен противник на плановите за изградба на паркот Гези, кратко откога започнаа протестите беше преместен во турскиот град Газиантеп. „Намерата беше, да ме оддалечат од Истанбул. Еден вид казна за мене“, вели Караман. Заменикот претседател на опозиционата ЦХП партија Аднан Кескин го нарече законот на владата „подмолен одмазнички план“. Политикологот Јашар Аданали претптоставува дека зад тоа се крие „лоби за градското планирање“.

Ова лоби не сакало нивните проекти да бидат поматени од легалните стручни сојузи и цивилното општество, смета Аданали. „Комората со сите нејзини пододдели беше најсилната институција, која ги контролираше проектите. Изминатите години исто така се правеа обиди да се намали влијанието на стручните сојузи, а градежното лоби чекаше на вистинскиот момент“, смета политикологот.

Сојузите меѓутоа докажале дека барем може да го разбудат јавниот интерес за проектите, појаснува тој. „Значи ги криминализираат во прва линија, ги приведуваат нивните претставници и на полноќ менуваат закон во парламентот. Тоа е подмолно“, ја критикува Аданали владата.