1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Репортери без граници: Македонија приоритетна земја на Балканот и ЕУ

Организацијата Репортери без граници како злонамерно го смета одземањето на дозволата за работа на ТВ А2. Таа е загрижена за независноста на Советот за радиодифузија, како и за зголемена самоцензура меѓу новинарите.

Репортери без граници, откако го објавија соопштението за јавноста, во кое ја изразија нивната голема загриженост за слободата на печатот во Македонија, посебно по затворањето на телевизјата А2 и договорот за декриминализација на клеветата, преку раководителот на одделот за Европа Јохан Бир, за Дојче Веле објаснуваат зошто постои оваа загриженост.

Репортери без граници сметаат дека одземањето на дозволата на телевизјата А2 е избрзано.

Загриженост за независноста на Советот за Радиодифузија

„Повлекувањето на дозволата за работа на А2 ни изгледа апсурдно и злонамерно, поради објаснувањето дека телевизијата мораше да биде затворена, бидејќи не емитувала доволно информативни содржини. Одлуката дојде во моментот кога каналот сакаше да ја развие информативната програма. Затоа, ние си поставуваме многу прашања за избрзаноста со која оваа афера беше водена. Барањето на советот за повеќе информативни содржини на програмата на А2 е легитимно, но зошто толку брзање за да се затвори“, прашува во разговорот за Дојче веле Јохан Бир, одговорниот во Репортери без граници за одделот Европа.

Во оваа организација се загрижени за независноста на Советот за Радиодифузија.

„Епизодата со затворање на А2 на избрзан начин не’ доведува во ситуација да си го поставиме прашањето за независноста на Советот за радиодифузија“, вели Бир.

Mikrofon Vor der Rede

Укинувањето на дозволата за работа на А2 се смета за злонамерна

Декриминализацијата е чекор во добра насока

За Репортери без граници декриминализацијата на клеветата е чекор во добра насока.

„Се разбира, ние ја поздравуваме декриминализацијата, што е чекор во добра насока. Декриминалзиацијата е значајно нешто и Репортери без граници долго време се бореа за да се напредне во тој правец во повеќе земји од Балканот. Но, сепак таа реформа нам ни изгледа недоволна и отворено стравуваме дека таа ќе биде усвоена така како што е предложена. Главниот проблем е висината на предвидените казни.Тоа се тешки закани за македонските новинари и ние стравуваме дека овие високи суми ќе го обесхрабрат истражувачкото новинарство и ќе доведат до самоценузирање, кое и така е раширено во редакциите во Македонија“, вели Јохан Бир и додава:

„Ние се надеваме дека Советот на Европа, кој ќе го разгледува законот, ќе стави акцент на гаранцијата за пропорционалноста на казните со претпрената штета и приходите на новинарите и медиумите. Тоа е основен принцип во целокупната судска практика на Европскиот суд за човекови права, како и принципите на ОБСЕ и ЕУ“.

Не се исклучени „демонстративни акции насочени кон Македонија“

„Тоа е можност која можеме да ја предвидиме во Брисел, бидејќи Бриесл е тој кој се занимава со Балканот. Засега немаме прецизни и конкретни планови, но нашата организиација ќе стави акцент врз Македонија, бидејќи таа е приоритетна во зоната на Балканот и ЕУ“, нагласува одговорниот за Европа во Репортери без граници.

За жал, според оваа организација, ситуацијата е загрижувачка и во другите балкански земји, како Црна Гора, Србија и Албанија.

Symbolbild Datenschutz

Слободата во медиумите е загрижувачка и во регионот

„Балканските земји имаат исти предизвици и проблеми, како со структурите на медиумите, кои се крајно поларизирани и отсечени од потребата на пазарот. Медиумските пазари се крајно мали, поради бројноста на населението и јазиците. Медиумите се поддржувани од политичката класа, од интересни групи, па дури и од организираниот криминал. За нас тоа е траснверзална опасност, исто како и силниот степен на корупција и организираниот криминал и недостигот на независност на судството“, вели Јохан Бир.

ЕУ повеќе не е пример во областа на слободата на медиумите

Репортери без граници сметаат дека ЕУ и Советот на Европа имаат клучна улога за да се напредне по прашањето на слободата на медиумите во Македонија, но и во другитте балкански земји. Тоа е потребнос за да се избегне неуспехот кој од оваа гледна точка беше направен со приемот на Романија и Бугарија, кои влегоа во ЕУ без да се стекнат со сите придобивки во делот на слободата на медиумите.

Организацијата жали и за назадувањето во слободата на информирање во некои од земјите членки на ЕУ, која претендира да служи за пример за земјите кандидати. Јохан Бир тука го посочува случајот со Унгарија, Италија и Франција, како и крајно загрижувачкото влошување на ситуацијата во Грција.

„Ние сме загрижени од тенденциите кои се во тек во ЕУ, каде има каскада на законодавни инцијативи опасни за слободата на печатот, како грижата за регулација на интернетот, која често ја става во прашање зашатитата на новнарските извори“, подвлекува на крајот од разговорот Јохан Бир од Репортери без граници.