1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Репортери без граници длабоко загрижени за Македонија

Организацијата Репортери без граници реагира на затворањето на телевизијата А1, трите дневни весници и промените во Советот за радиофузија како и на отпуштањата од работа на новинари-членови на синдикатот. .

default

Организацијата за заштита на новинарите, Репортери без граници изрази длабока загриженост поради состојбата со медиумските слободи во Македонија. Репортери без граници реагираат поради затворањето на телевизијата А1, трите дневни весници и промените во Советот за радиофузија. Во денеска објавениот извештај, организацијата констатира дека Владата во Скопје ја искористила шансата за да ги „замолкне малкуте медиуми кои биле критични кон неа“.

Понатаму, Репортери без граници ја оценуваат како обид за „пуч во државната телевизија“, одлуката да се отпушти нејзиниот надзорен одбор.
Како поединечни случаи се наведуваат и отпуштањата од работа на новинари-членови на синдикалната организација. Оној на претседателката на новинарскиот синдикат, Тамара Чаусидис која беше избркана од работа во телевизијата Алсат-М, како и на Тамара Грнчаровска која доби отказ во дневниот весник „Утрински весник“.

Автор: БГ/СН/рсф
Редактор: Трајче Тосев

Поврзана содржина