1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рен, реформи па датум за преговори

*

Македонија може да се надева на конкретен датум за почеток на преговорите со ЕУ само по спроведувањето на конкретни реформи, изјави претпладнево во Брисел еврокомесарот за проширување Оли Рен, по разговорите со македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Рен изјави дека очекува македонските власти да прејдат од зборови на дело. Претседателот Бранко Црвенковски ветил дека земјата има капцитет забрзано да работи на реформите. Попладне, шефот на државата ќе разговара со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Унијата Хавиер Солана.