1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рен, наскоро продолжуваат преговорите со Белград

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска во Брисел најави дека наскоро може да продолжат преговорите за стабилизација и асоцијација со Србија. Портпаролот на Рен, Кристине Наѓ изјави дека Рен пред ЕК нагласил дека работата и ветувањата на новата српска влада даваат можност за такво нешто. Српските медиуми повикувајќи се на извори од Брисел пренесуваат дека конечната одлука веројатно ќе зависи од посетата на главниот хашки обвинител Карла дел Понте на Белград на 4 јуни.