1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рен: Македонија има реални шанси за почеток на преговори со ЕУ

Земјата прави добар прогрес во исполнувањето на осумте критериуми и, ако успее да го исполни преостанатото, ќе може да биде предложен датум за почнување преговори годинава, изјави во Брисел еврокомесарот за проширување.

default

Оли Рен и Никола Груевски

Само неколку недели пред извештајот на Европската комисија за процесот на проширување, комесарот Оли Рен пред европратениците од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги претстави главните линии на она што ќе биде објавено на 14 октомври.

Според Рен, Македонија има реални шанси да добие препорака за започнување на преговорите со ЕУ.

„Што се однесува до поранешната југословенска република Македонија, земјата прави добар прогрес во исполнувањето на осумте критериуми и, ако успее да го исполни преостанатото, ќе можеме да предложиме датум за започнување на преговорите годинава.“

Да не надвладее самозадоволство

На забелешката на европратениците дека оценката во Македонија е дека со последните усвоени закони се исполнети барањата на Брисел, Рен порача дека не треба никогаш да надвладее самозадоволство пред да биде остварено сé. Владата и парламентот завршија многу солидна и добра работа последните месеци, особено во судската сфера и околу администрацијата, смета Рен:


„Мислам дека постојат реални шанси да ги исполните условите за започнување на преговорите годинава,“ нагласи еврокомесарот за проширување.

Спорот со името не е услов, но добро е ако се реши

Рен уште еднаш повтори дека спорот околу името не е услов, но ако се реши, ќе се обезбеди позитивна клима за евроинтеграцијата на земјата. Еврокомесарот не одговори на прашањето на еден грчки пратеник, кој бараше од него да ја осуди „националистичката пропаганда на владата од Скопје“.

Olli Rehn Pressekonferenz Serbien Kosovo

Охрабрувачки пораки

Европратениците многу остро го испрашуваа Комесарот, зошто Комисијата препорачала укинување на визите само за Македонија, Србија и Црна Гора, а биле изоставени Албанија и Босна и Херцеговина, што би можело да предизвика регионална нестабилност.

Одговорот на Рен беше јасен: Доделувањето на безвизниот режим не е само политичка одлука, бидејќи тоа подразбира и исполнување на условите, инсистирајќи дека и ЕК сака сите земји од регионот да бидат ослободени од визите, но откако претходно ќе ги исполнат условите. Тој во таа прилика истакна дека Македонија најефикасно ја искористила помошта од ЕУ околу исполнувањето на условите за визна либерализација.

Пред европратениците кои за укинувањето на визите ќе треба да се гласаат во средината на септември, Оли Рен нагласи дека нема да има забрзана процедура за приемот на Исланд, иако таа земја исполнува веќе две третини од условите како членка на Шенген-зоната и европската економска зона.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска