1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рен за името: Пред одлука за референдум да се размисли двапати

Европските дипломати би сакале Македонија да го реши спорот со името во идните пет недели. Дали без да биде решен спорот, Македонија би добила зелено светло за преговори, е повеќе од неизвесно.

default

Оли Рен

Европската комисија не е воодушевена од идејата да се одржи референдум за името, изјави еврокомесарот за проширување на ЕУ Оли Рен денеска (22.10.2009) на трибина на Европскиот политички центар во Брисел.

Според него, ваквите референдуми се Пандорина кутија која е подобро да не се отвора во регионот: „Нашиот официјален одговор е и треба да биде дека секоја земја членка, или кандидат има право сама да одлучи во согласност со својата уставна рамка за прашања врзани за европската интеграција. Меѓутоа, во реалната политика, се надевам дека земјите кандидати, но и членките, се надевам, ќе размислат двапати пред да организираат референдуми за прашања поврзани за проширувањето. Тоа е потенцијална Пандорина кутија. Би сакал да избегнеме ситуација во која ќе се зголемат барањата за референдуми, што би го искомплицирал веќе комплексниот европски процес“, Оли Рен.

Mazedonien EU Fahnen

Македонија пред една седмица од Европската комисија доби препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ. Оваа препорака, меѓутоа, тешко ќе се реализира без решение за името, бидејќи одлуката за старт на преговори подлежи на консензус во Советот на министри, каде Грција има право да блокира.

Никој не сака да шпекулира за датумот

Ни Европската комисија, ниту македонскиот вицепремиер Васко Наумовски денеска не сакаа да шпекулираат дали Македонија има шанси да добие зелено светло и од земјите-членки без решение за името: „Не би ја прејудицирале одлуката на Советот. Впрочем, таа е дел од надлежностите на таа институција и на државите членки. Ние веруваме дека сиот напредок што го направи Македонија во изминатиот период и беше забележан од страна на Европската комисија, ќе биде основа за сите наредни одлуки на соодветните европски институции“, изјави Наумовски.

Доколку македонската влада не се откаже од одржување евентуален референдум, ова сценарио ќе беде тешко изводливо. Датумот, во тој случај, ќе се добие во текот на 2010-та. Само доколку претходно се реши спорот околу името.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM