1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рен – Западен Балкан

Во Берлинската изјава што земјите на ЕУ треба да ја потпишат за време на претстојниот викенд нема да се споменуваат идните проширувања на унијата, изјави еврокомесарот Оли Рен. Според Рен, доволно е што европските лидери за ова прашање се изјасниле на самитот на унијата одржан во декември. Еврокомесарката задолжена за прашања на потрошувачите, Меглена Кунева, изјави дека политиката на давање датуми била добра за Бугарија и Романија, но дека за Западниот Балкан тоа не е добра идеја и дека е најважно исполнувањето на поставените критериуми.