1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рен: „Задачите се пред вас, повелете исполнете ги!“

Еврокомесарот за проширување, Оли Рен, денеска (07.03.08) на средба со македонскиот Национален совет за евроинтеграции. Вчера, тој ги донесе осумте задачи за Македонија кои треба да се исполнат до наесен.

default

Еврокомесарот Оли Рен и макеоднскиот премиер Никола Груевски на отворањето на новата канцеларија на ЕУ во Скопје

2008-ма може да биде историска година во евро-интегративниот процес на Македонија. Земјата постигна исклучителен напредок, а Европската комисија е целосно посветена на европската иднина на Македонија. Меѓу ваквите позитивни оценки и прогнози на еврокомесарот за проширување, Оли Рен, обесхрабрувачки делува пораката дека спорот со Грција за името може да се испречи пред Македонија и на патот кон ЕУ. Рен во завиена, дипломатска форма, се обиде да каже дека името не е услов за членство, но дека Македонија без грчка согласност не може да напредува во интегративниот процес: „Секоја клучна одлука што се однесува на проширувањето на ЕУ се донесува со единство во Советот на министри, односно со консензус на сите членки на ЕУ“, рече Рен.

Кои се осумте задачи?

Високиот гостин на македонските власти им ги донесе осумте задачи што Македонија треба да ги исполни во наредните месеци: целосно имплементирање на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, дијалог меѓу политичките партии, спроведување на законот за полиција, продолжување на борбата против корупцијата, реформа на судскиот систем и на јавната администрација, преземање мерки против невработеноста и подобрување на бизнис климата. Резултатите ќе се мерат наесен. Од постигнатото зависи дали во ноемврискиот извештај за Македонија, ќе има датум за старт на пристапните преговори.

Македонската влада е посветена на европската агенда, рече македонскиот премиер, Никола Груевски и побара општа мобилизација на сите фактори во општеството, особено конструктивност од опозицијата. Синоќа Рен по посетата на Штуловиот колеџ, вечераше со македонскиот претседател, Бранко Црвенковски. Оваа посета на Рен е оценета како многу попозитивна од минатогодишната, кога тој критикуваше дека реформите се забавени, дека европската агенда е запоставена. Минатата есен Рен раскажуваше шеги за композиторот Сибилиус, а овојпат беше дипломатски одмерен и европски јасен.