1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рен во Сараево

Еврокомесарот за проширување Оли Рен денеска е во Сараево каде со политичкиот врв ќе разговара околу подготовките на земјата за потпишување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Политичките партии во Сараево и понатаму не успеваат да постигнат согласнот околу потребните реформи за евроинтеграција на земјата.

Рен вчера беше во Подгорица каде со премиерот Штурановиќ го потпишаа договорот за Стабилизација и Асоцијација. Рен наглади дека од исполнувањетоа на спогодбата, реформите во судството и јакнење на административниот капацитет, ќе зависи патот на Црна Гора кон ЕУ.