Еврокомесарот за проширување Оли Рен вчера во Белград нагласи дека Србија преводена од новата влада на премиеропт Воислав Коштуница ќе мора селосно да ја заокружи соработката со Хаг, пред да продолжат преговорите за стабилизација и асоцијација.
“ Кога тоа ќе биде сторено ние сме подготвени преговорите веднаш да ги продолжиме“ изјави Рен
Српскиот претседател Борис Тадиќ, под чие раководство ќе работи советот за национална безбедност најави дека ќе инсистира на целосна соработка со хашкиот трибунал:
“ Во овој момент јас не можам да кажам кога преостанатите обвинети ќе се најдат во Хаг, но можам само да ветам дека ќе работиме со сета силa„ рече Тадиќ