1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ренци ја состави новата италијанска влада

Матео Ренци го забрзува темпото - тој ја поднесе листата со министри во новата влада порано отколку што се мислеше. Новиот кабинет ќе брои 16 министри, од кои половината се жени.

Матео Ренци денеска (22.02) е инаугуриран на функцијата премиер. Тој е најмладиот шеф на влада што Италија досега го имала. Триесет и деветгодишниот Ренци вели дека е свесен за големата одговорност и тежината на неговата задача, со оглед на тешката состојба во која се наоѓа Италија. Тој ветува дека „ќе стори се‘ што е во негова моќ за да ја оправда довербата на милиони Италијанци кои од владата очекуваат конкретни одговори“.

Ренци на функцијата доаѓа на местото на Енрико Лета. Новиот премиер веќе најави програма што ќе ја спроведува во првите месеци од владеењето.

До крајот на февруари треба да бидат донесени одамна неопходните реформи на изборното право и институции, во март пак треба да се донесе исто толку неопходната реформа на пазарот на работна сила, а во април треба да се реформира управата. За мај се најавува даночна реформа.

Лидерот на најголемата италијанска партија на левиот центар ПД (Партито Демократико) ќе биде трет премиер на Италија по ред кој на чело на владата дошол без избори. Последен политичар кој стана премиер со победа на избори беше конзервативецот Силвио Берлускони во 2008 година.