1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Реномиран универзитет во град од бајките

Јагелонскиот универзитет во Краков има 600 годишна историја и се смета за една од топ-адресите за студии по економија и општествени науки. Универзитетот нуди два студиски правца со двојна мастер диплома.

default

Јагелонскиот универзитет во Краков

Двојна мастер диплома на Јагелонскиот универзитет во Краков може да се добие за областите „економија“ и „европски науки“. Партнерски универзитет за економија е на пример реномираниот Лондонски универзитетски колеџ. Но, примениот испит за студентите е строг. Студентите кои доаѓаат од земја-членка на Европската унија на пример, мора да имаат стипендија на Еразмус-мундус програмата, која е воведена од Европската комисија.

Krakau

Краков

Крисчов Бирски, соработник на сервис-бирото за странските студенти на Јагелонскиот универзитет истакнува: „На овој начин ги добиваме навистина најдобрите и најамбициозните студенти. Тие за време на студирањето навистина немаат материјални грижи. Стипендијата Еразмус-мундус е високо дотирана: студентите добиваат околу 15.000 евра годишно.“

Студентите од Европската унија не плаќаат партиципација. Но, тоа не важи за студентите кои доаѓаат од земји надвор од Унијата. За нив не е предуслов да имаат стипендија Еразмус-мундус за да може да студираат на предметите кои на крајот ја носат двојната мастер диплома. Тие сепак мора да го положат приемниот испит и да платат за студирањето. Студентите по европски науки за академска година плаќаат 4.000 евра додека студентите по економија 5.000 евра.

Patricia Paixao

Патрициа Паиксао

Студентката Патрициа Паиксао од Португалија се одлучи за двојна мастер диплома по европски студии. Во рамките на овие студии имаше можност да избере дополнителна специјализација. Таа се одлучи за „Европската култура“. „Многу е интересно како се спроведува програмата. Тоа го прават навистина интересно. Се’ е поставено на многу широка и се’опфатна база. Освен ова животот во Полска е поефтин, што воопшто не е неважно.“

Лиана Мартинес исто така студира европски студии на универзитетот. Таа доаѓа од Мексико. „Доброто во програмата е што преку неа не се запознава само Полска, туку и другите европски земји. Полска е многу добро место, за да се добие впечаток за источна Европа.“

Karolina Czerska-Shaw

Каролина Церска

Двојните мастер студии траат две години. Сите предавања се на англиски јазик. Каролина Церска го раководи отсекот „Европска култура“ во рамките на европските студии. Таа пред се’ укажува на меѓународниот аспект на студиите. „Соработуваме со седум други европски универзитети. Во првиот семестар студентите се во Краков. Вториот семестер го минуваат во странство, на некој од партнерските универзитети. Потоа одат на пракса и на крајот го пишуваат завршниот труд.“

Двојните мастер студиски правци не се наменети само за

Polen Grodzka-Straße in Krakau

Краков

помладите студенти. За нив може да се пријават и апсолвенти кои се веќе во работен однос. Европските студии нудат на пример подготовка за високо квалификуваните работни места во институциите на Европската унија, во државните влади, во образовниот сектор или во медиумите.

Краков како град, студентите го сметата за не така лош избор. Се’ уште се зачувани многу стари споменици, и воопшто целиот град е во знакот на историјата. Има кралски замок во ренесансен стил, голем пазар и повеќе од 200 подрумски кафулиња. Хуан Сарабиа Гутирез, коорганизатор на програмата „Европска култура“ подвлекува: „Кога на моето семејство во Мексико му објаснувам, како изгледа Краков, секогаш велам: тоа е град од соништата. Како приказна. Со замок и река, која се слева во долината. Краков навистина не е лош.“

Автор: Агата Квиецинска/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски