1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ренесанса на смртната казна во Турција?

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган поттикна дебата за повторно воведување на смртната казна во неговата земја. Меѓутоа, аналитичарите сметаат дека тоа е иницијатива насочена кон претседателските избори за две години.

Поттик за иницијативата на премиерот била, според зборовите на Ердоган, благата каза за норвешкиот десноекстремистички терорист Андерс Беринг Брејвик. Како било можно некој, по убиство на 77 луѓе, да мора да мине 21 година затвор, се запраша Ердоган на една манифестација за време на неговата посета на Индонезија на почетокот на месецов. Тој укажа на тоа, дека земји како САД, Јапонија или Кина и натаму спроведуваат смртни казни. И Турција би требало одново да размисли за тоа.

Türkei schafft Todesstrafe ab

Турскиот парламент во 2002 година ја укина смртната казна

По враќањето во Анкара Ердоган ги потврди неговите гледишта, кои предизвикаа збунетост во турскиот главен град. Впрочем, на крајот на октомври, при посетата на Берлин, Ердоган ги потврди силните интереси на Турција за што е можно побрз прием на земјата во ЕУ, меѓутоа со евентуално повторно воведување на смртната казна членство во ЕУ автоматски би пропаднало. Ова се разбира го знае премиерот.

Ненадејното залагање на Ердоган за смртната казна ги принуди неговите блиски соработници во кабинетот и владејачката партија АКП да направат обиди за појаснување на ситуацијата. Министерот за надворешни работи Ахмед Давутоглу изјави дека премиерот всушност се иритирал од случајот Брејвик. Од партијата АКП се вели, Ергдоган сакал да упати апел до ЕУ, во однос на убијци како Брејвик, да се размисли дали генерално одбивање на смртната казна навистина има смисла.

Türkei Syrien Konflikt Tayyip Erdogan

На турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган му требаат гласови

Конкретна подготовка на предлог закон, за во пркаса да се применат претставите на премиерот, нема. Министерот за правда Садулах Ергин изјави дека по официјалното укинување на смртната казна со промена на законите во 2003 година и реформата две години подоцна била усвоена и во уставот - и тоа на иницијатива на владата на Ердоган. Во неговото министерство во моментов немало никакви подготовки за уставни и законски промени, за евентуално повторно враќање на смртната казна.

Дали Ердоган се истрча? Повеќето набљудувачи во Анкара се сигурни дека лукавиот тактичар темата „смртна казна“ не случајно ја врати на дневен ред. Поранешниот парламентарец Мехмед Бекароглу го кажува она што го мислат многумина - целта на Ердоган била на претседателските избори во 2014 година да ги осигура гласовите на десно националните избирачи, изјави Бекароглу за весникот „Евренсел“.

Дека премиерот за две години ја посакува највисоката државна функција е јавна тајна. Меѓутоа најголемиот дел од избирачите во Турција се позиционирани десно од центарот, а за директниот избор на претседателот овој избирачки сегмент е многу важен. Малку да им се излезе в пресрет на националистите од агол на Ердоган има смисол.

Deutschland Türkei Kurden Demonstration in Berlin PKK

Смртната казна против Оџалан беше променета во доживотна казна затвор

Темата смртна казна  во Турција се дискутира претежно во контекст со шефот на курдските бунтовници Абдула Оџалан, кој е во затвор. Смртната казна, која против Оџалан беше изречена во 1999 година, беше променета во доживотна казна затвор, откако во 2002 година беше укината смртната казна. Десно националната партија МХП затоа смета дека Ердоган со ова сакал да ги коригира штетите кај десно ориенитраните избирачи, кои самиот им ги нанел со мировните преговори меѓу државата и бунтовниците од ПКК на Оџалан. Преговорите беа прекинати во 2011 година, но според зборовите на Ердоган, доколку има потреба би можеле да бидат обновени.

Wahlkampf in der Türkei - Faschisten

Партијата на национално движење - МХП

Партијата МХП меѓутоа сака да стори се’ тактичкиот маневар на Ердоган да го прикаже како содржински празен. Лидерот на МХП Девлет Бахчели го повика премиерот да приложи нацрт закон за смртната казна. Неговата партија во парламентот би поддржала таков предлог, рече Бахчели.

Меѓутоа повеќе неверојатно е дека Ердоган ќе одговори на ова барање. Премиерот очигледно не се грижи ниту за тоа што националистите му префрлуваат за лицемерство. Конечно Ердоган може да укаже на фактот, кој е особено непријатен за МХП: Десничарската партија беше член на онаа владина коалиција, која во 2002 година го усвои укинувањето на смртната казна - соодветната одлука го носи потписот на Девлет Бахчели.