1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Религијата не е проблем, туку шанса

Анкетата што ја спроведе Центарот Галуп-Абу Даби во претежно муслиманските земји дава интересни податоци за дијалогот помеѓу Западот и исламскиот свет. Религиозните муслимани се поотворени за дијалог од секуларистите.

default

Конфликтот помеѓу муслиманскиот свет и Западот може да се избегне, покажуваат анкетите

За анкетата на реномираниот Центар Галуп во Абу Даби се направени 115.000 поединечни интервјуа во 55 земји. Тоа е најголемата студија за тоа какви се односите помеѓу исламскиот свет и Западот во моментов. На оваа студија се работеше од март 2008 до мај 2010 година.

Научниците најнапред сакаа да откријат, какво влијание има изборот на американскиот претседател Барак Обама врз муслиманските општества. Дали според муслиманите, конфликтот со Западот е неизбежен? Исто така, кои земји од исламскиот свет се отворени за дијалог.

Влијанието на Обама врз исламскиот свет

Obama / USA / Kongresswahlen

Американскиот претседател Барак Обама

Притоа резултатите јасно покажуваат дека Обама успеа да влијае врз јавното мислење во исламскиот свет, но само одреден период. Во 2008 година, на крајот од мандатот на претседателот Џорџ В. Буш, ни секој петти испитаник на Блискиот Исток, не мислеше дека Западот и исламскиот свет се во добри односи. Една година подоцна, со доаѓањето Барак Обама во Белата куќа, само секој трет испитаник мислеше така. Но, во 2010 година бројката повторно опадна, многумина најверојатно сфатија дека поинаков е само тонот на претседателот, но не и неговата политика.

Сепак поголемиот дел од луѓето на Западот и во исламскиот свет сметаат дека постои начин да се избегне насилниот конфликт помеѓу Истокот и Западот. Но, загрижувачки се резултатите од анкетите од САД и Канада, каде 45 отсто од испитаниците сметаат дека конфликтот е неизбежен, во Европа истото го мислат 21 отсто, а во арапскиот свет 31 отсто од испитаниците.

Конфликт со религиозен или политички карактер

Symbolbild Islam Europa USA im Vergleich

Политичарите не треба да го претставуваат конфликтот помеѓу Истокот и Западот како политички

Во арапскиот свет поделени се мислењата за карактерот на тензиите: 40 отсто сметаат дека се од религиозни причини, а исто така 40 отсто сметаат дека се политички. Далија Могахед, директорката на Центарот Галуп во Абу Даби вели:

„Оние кои мислат дека може да се избегне воен конфликт, сметаат дека конфликтот е политички. Од друга страна, пак, оние кои го сметаат за неизбежен, сметаат дека има религиозен карактер.“

Истражувачите детално ги проучија двете групи, и дојдоа до интересно сознание, вели Далија Могахед:

„Оние од исламскиот свет и од Западот кои се подготвени на дијалог со другите, сметаат дека конфликтот е политички. Но, оние кои не сакаат дијалог, сметаат дека религијата е причината за тензиите.“

Религиозните муслимани се поотворени за дијалог

Muslime Moschee Gebet

Муслиманите кои редовно одат во џамија се поотворени за интеракција

Дали религиозноста е главниот проблем? Дали религиозните муслимани помалку се заинтересирани за добри односи со Западот, отколку секуларните муслимани? Напротив, што покажува и резултатот од студијата, истакнува Могахед:

„Муслиманите кои рекоа дека во минатите седум дена биле во џамија, се поотворени за дијалог од оние кои во тој период не посетиле џамија. Оние кои редовно одат во џамија, се поотворени за интеракција.“

Крајниот резултат јасно покажува дека политичарите не треба да го претставуваат конфликтот помеѓу Истокот и Западот како политички. Имено, тоа значи дека не може да се избегне насилен конфликт. Религиозноста на муслиманите не е проблем, туку шанса. Токму религиозните муслимани сметаат дека не е непоходен конфликт со Западот, за разлика од секуларните муслимани. Поверојатно е дека тие се можни партнери на оние од Западот, кои сакаат да остварат добри односи.

Автор: Карстен Кинтоп / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Борис Георгиевски