1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Религијата го диригира начинот на исхрана?

Храната е едно од основните човекови права. Сепак, не секој може да јаде што сака, особено не ако е приврзаник на прописите за исхрана на сопствената религија.

default

„Кажи ми што јадеш и ќе ти кажам во што веруваш“. Мошне едноставна се чини оваа поговорка, не секому му е дозволено секое јадење. Религиите во голема мера влијаат врз начинот на кој луѓето се хранат. Теологот Манфред Бекер-Хуберти од Келн објаснува како тоа функционира во христијанството:

Angerichtetes Fleisch eines Baird-Schnabelwals

Во спомен на денот на смртта на Исус, христијаните не треба да јадат месо во петок

„Религијата, бездруго, има голем удел во секојдневието на човекот, вклучително и неговите навики во исхраната. Во христијанството, секој ден има поинаков вкус; секој празник е приказна за себе и има свои јадења, пијалаци и печива. Начелата за исхрана биле воведени одамна, но тие и денес се одразуваат во животот на христијаните.“

Христијаните, во принцип може да јадат што сакаат, но постојат нешта кои не смеат да се консумираат за време на пости или на други одредени денови. Така, на пример, христијанинот не смее да јаде месо во петок. Освен тоа, во годината има два дена во кои не само што не смее да се јаде месо, туку е дозволен само еден дневен оброк, имено на Среда пепелница (по завршувањето на Карневалот) и Велики петок (пред Велигден).

„Петок е ден на смртта на Исус Христос. Бидејќи тој стана човек од крв и месо, значи стана еден од нас, во спомен на неговата жртва не јадеме месо во петок. Како замена ни служи рибата, зашто уште многу одамна се верувало дека се` што е под површината на водата му припаѓа на светот на демоните и на смртта.“ Според ваквата логика, рибата не се смета за живо суштество и може да се јаде.

Diätlügen - Fettarme Milch

Во јудеизмот, млекото и месото никогаш не одат заедно

Во еврејската вера има поинакви сфаќања. Евреите може да јадат се` што е „кошер“, односно во согласност со еврејските религиски прописи. Овошјето и зеленчукот не се никаков проблем, додека за продуктите од животинско потекло има комплицирани правила. На пример, морските животни кои немаат перки и крлушки се забранети. Од друга страна, на трпезата во еврејските домови може да се најде месо од домашно животно единствено доколку е од родот на преживари и чии копита се однапред отстранети.

Тувиа Ход-Хохвалд од редот на Православните рабини во Германија објаснува:

„Важно е да се одвојат млекото и месото. Тоа не важи само за нивното чување во ладилникот. Напротив, кај нас секогаш има две посебни кујни: една за приготвување месо, а друга за млечни производи. И не само тоа: ако некој јаде месо, мора да почека најмалку три часа пред да се напие кафе со шлаг.“

Deutschland Landwirtschaft Kuh auf der Wiese

Кравата е свето животно за Хиндусите

Ход-Хохвалд признава дека во денешно време е тешко човек да се придржува до сите правила. Освен тоа, при толку голем избор на производи во супермаркетите, лесно може да се изгуби преглед врз сето она што е „кошер“, а што не. Токму затоа, тoj објави книга во која, меѓу другото, има наведено и листа на продукти кои се дозволени.

Во хиндуизмот, пак, има пишани правила за консумирање месо. Господ е насекаде, велат побожните Хиндуси, па дури и во душата. Притоа, кравата е свето животно, бидејќи се смета за мајка на милиони Хиндуси. Според хиндуистичкото верување, кој ќе одземе живот на крава, сторил тешко убиство.

Автор: Сонила Санд / Далибор Стајиќ

Редактор: Жана Ацеска