1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Религиозни судири и во Хила

*

По крвавите меѓурелигиозни судири во светиот ирачки град Кербала дојде до нови судири меѓу шиитите во градот Хила. Шест лица загинале во борбите меѓу приврзаниците на радикалниот верски водач Моктада Ал Садр и членовите на шиитската партија Висок исламистички совет. Во Кербала се уште владее полициски час, по вчерашните судири меѓу безбедносните сили и верници во кои настрадаа 52 лица, а над 300 беа повредени. Ал Садр денеска објави суспензија на сите активности на неговите милиции во следните шест месеци.