1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Религиозната нетолеранција е опасна работа

Состојбата со верските права и слободи во Македонија е прифатлива, но има знаци кои загрижуваат, изјави специјалниот известувач на ОН за слобода на вероисповед Асма Џахангир, која е во неколкудневна посета на Македонија.

default

Престој на претставничката на ОН во Скопје случајно се совпаѓа со бројните настани во оваа сфера кои ги подгреаја верските страсти. Ескалацијата на протестите против изградбата на црква на централниот плоштад, укинувањето на предметот веронаука во основните училишта, иницијативата за изградба на џамија, исто така на плоштадот Македонија, создадоа тензии. За утре(29.04.2009) се најавени нови протести на Унијата на средношколци и на Сојузот на студенти. Тие се организираат да го изразат нивниот револт против одлуката на уставниот суд за укинување на веронауката.

Претставничката на обединетите нации е запозната со овие случувања.

„Не гледам големи проблеми, но гледам знаци на заострување на религиозните идентитети и поларизација. Ако не се реагира навреме може да биде доцна. Кога религиозната нетолеранција излегува од контрола, многу е тешко да се поврати, “вели Џахангир, но додава дека за време на најзиниот престој во Скопје стекнала и позитивни впечатоци.

Tetovo, Mazedonien

Важен е соживотот на луѓето од различни вери

„Луѓето се среќни што живеат заедно во мултикултурно, мултиетничко и мултиверско општество“, вели дипломатот на Обединитите нации.

Средби со македонски претставници

Асма Џахангир е дојдена во Македонија да ја оцени состојбата, не само во однос на законодавството, туку и неговото спроведување и унапредувањето на толеранцијата. Ќе се сретне со претставници на релевантни државни институции, на верски заедници и на невладини организации. Потоа ќе поднесе извештај за утврдената состојба во Македонија на 13 сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, најавена за март 2010 година.

Специјалниот известувач за слобода на вероисповед или убедување е независен експерт назначен од Советот за човекови права на ОН. Има мандат да ги идентификува пропустите или потенцијалните грешки во уживањето на правата на слобода на вероисповед или убедување и да даде препораки за начините за надминување на тие грешки.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска