1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Рекордно студена зима во источна Европа

До минус 57 степени целзиусови - толку студено не било во последниве 50 години во Русија.Бројот на загинати од студеното време во меѓувреме е преку 140. И други земји во Источна Европа страдаат од многу студеното време.

Големиот студ и поларните температури во Русија и натаму зема човечки жртви. Во декември во земјата од премрзнатост починале 142 лица. Покрај тоа околу 1350 луѓе поради студот се однесени во болница, соопшти вчера претставник на руското министерство за здравство за новинската агенција Интерфакс. Во најголем дел од Русија владее голем студ со температури далеку под минус триесет степени целзиусови.

Рекордна зима и во Украина. За кратко време во Киев наврна речиси половина метар снег, колку што вообичаено паѓа за три месеци. Во земјата досега од премрзнатост починале повеќе од 80 лица.

Во Украина најмногу страдаат бездомниците

Владата постави илјадници шатори, кои често се единственото собирно место за бездомниците. Тие тука можат да се стоплат и добиваат нешто за јадење.

„Ако ги нема овие шатори, ако нема вакво нешто, ние, искрено речено, ќе умреме надвор“, вели Андреј Сејинг, скитник од Киев.

Единствено рибарите на замрзнатиот Дњепар можат од студеното време нешто и да добијат. Со часови седат покрај дупки во мразот и понекогаш тоа и им се исплатува.

Исто така и Бугарија се бореше со снежните наноси. Вонредна состојба владееше во североисточна Бугарија. Од час во час тука се повеќе паѓаше снег и вееше. Расчистувањето оди бавно. Едно село е сосема отсечено од надворешниот свет.

Петар Атанасов, вработен во Центар за спасување на животни вели:„Два дена паѓаше многу снег. Веќе 48 часа не можам да си отидам во селото. Нема патишта, сите се блокирани од снегот.“

Како студеното време и снежните наноси да не беа доволни, па во 30 места нема ни струја, а во некои нема ниту вода.