1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рекордно ниво на квотата на навработеност во еврозоната

Квотата на невработеност во еврозната во февруари порасна на 10,8 проценти - највисоко ниво од воведувањето на заедничката валута во 1999-та година. Највисока невработеност има Шпанија со 23,6 проценти.

Вкупно во 17-те земји на еврото 17,1 милиони луѓе се без вработување. Во јануари квотата на невработеност изнесуваше 10,7 отсто, додека во истиот месец минатата година невработени беа десет проценти луѓе. Февруари е осми месец по ред кога е забележан пораст на невработеноста во еврозоната.

Нешто подобра од ситуацијата во 17-те земји на еврото е просечната невработеност во целата Европска унија. Во Унијата во февруари годинава беа невработени 10,2 проценти односно 24,55 милиони луѓе.

Најсилно погодена од негативниот тренд е Шпанија (23,6). Во оваа земја невработеноста кај младите под 25 години изнесува дури 50,5 отсто. Во Грција во декември 2011-та годиниа беа регистрирани 21 процент невработени. Германија со невработеност од 5,87 проценти е на четврто место во еврозоната, зад Австрија (4,2), Холандија (4,9) и Луксембург (5,2).