1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рекордни бројки во трговијата со источна и централна Европа

Трговската размена со земјите од централна и источна Европа во првата половина од оваа година достигна ново рекордно ниво од над 133 милијарди евра. Еве што вели за тоа германскиот експерт Оливер Вик:

default

Во Бугарија влегоа и германски возови

„Шансите што ги имаат германските фирми во централна и источна Европа имаат големо значење. Тоа сигурно е една од причините. Економиите на тие држави се уште имаат голема потреба од инвестиции, така што германските фирми, кои имаат искуство, имаат предност во теговијата со тие држави„.

Оценувајќи ги шансите за задржување на рекордното ниво во трговијата и во наредната година, Оливер Вик истакнува:

„Сметаме на тоа и немаме никаква причина да мислиме дека ќе дојде до промени, туку напротив: потребата од инвестиции останува голема како и нивната желба да го надополнат пропуштеното„.

Во првото полугодие посебно динамични беа односите со новопримените држави во Европската унија, Бугарија и Романија. Дали причините за тоа не се од психолоши карактер поврзано со еуфоријата од членството или станува збор за веќе утврдена тенденција во трговските односи со овие две земји? За ова Вик вели:

„Се разбира, членството во Европската унија дополнително олесни повеќе работи. Во овие две земји почнаа да функционираат правилата на Европската унија иако за некои подрачја се уште важат преодни клаузули. Инаку, многу фирми влегоа во овие две земји по нивното членство. Затоа не може да се зборува за еуфорија, туку станува збор за процес што го забележуваме повеќе години, односно дека германските фирми се фокусираат токму врз Бугарија и Романија„.

Во меѓувреме, Германија веќе не е на првото место како инвеститор во Бугарија и се наоѓа само на петтото место. Дали тоа значи влошена инвестициона клима? Некои германски фирми се жалат дека недостига квалификувана работна сила. Еве ја проценката на Оливер Вик:

„Мислам дека германските фирми секогаш имаа интерес за добрите проекти во Бугарија и се вклучија во многу од нив. Не се остварија сите нивни надеж. Некои од процедурите поврзани со инвестициони проекти требаше да бидат повторувани, но и тука се напредува. На пример, има цела низа успешни германски инвестиции во областа на трговијата и енергетиката. Не би рекол дека има влошување на климата. Тоа е процес во постојан развој и јас сум сигурен дека во иднина ќе има нови проекти„.

Во меѓувреме, кономскиот развој во државите на централна и источна Европа, значи и поголеми плати за врабоените, односно поголеми трошоци за инвеститорите. Значи ли тоа дека германските фирми ќе продолжат да се префрлуваат на исток – кон Азија? Вик не гледа така:

„Тие веќе го прават тоа. Фирмите од текстилната и од автомобилската индустрија веќе го презедоа тој походн на Исток. Мислам дека секоја држава има корист од тоа да ги подобри рамковните услови за инвестиции за да ги задржи странските фирми за подолг период. Кога станува збор за инвестициите во Бугарија и Романија, тие се стратегиски и сметам дека нема да се повлечат„.