Рекордна цена на европската нафта | Вести | DW | 16.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Рекордна цена на европската нафта

*

Европската нафта достигна нова рекордна цена. На денешните тргувања на азиските берзи нафтата „Брент“ од Северното море достигна нова рекордна цена од 83,09 долари за барел. Во исто време американската лесна нафта денеска чини 86,31 долари за барел откако синоќа на берзата во Њујорк достигна рекордна цена од 86,73 долари за барел. Според аналитичарите последниот скок на цените се должи на заканите на Турција за можна воена интервенција во Северен Ирак како и најавите на ОПЕК дека нема да донесе одлука за зголемување на дневното производство на нафтата до крајот на годината.