1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рекордна помош за настраданите во Јужна Азија

По катастрофалните поплави во Јужна Азија вчера во Женева се одржа втора меѓународна донаторска конференција ,организирана од ОН,која заврши со успех- учесниците ветија финансиска помош од 717 милиони долари

Јан Егеланд,координатор на ОН за помош

Јан Егеланд,координатор на ОН за помош

Координаторот на ОН Јан Егеланд немаше влакна на јазикот кога рече дека не е задоволен со состојбата.Во меѓувреме тој искажа позитивна оценка за резултатот на Женевската донаторска конференција.Тој е под позитивен впечаток од она што се случи таму,објасни Егеланд:

"Тоа беше еден од највпечатливите сигнали на оваа конференција :светот сака на најдобар начин да помогне,со акција досега невидена,не само од аспект на великодушноста,брзината и ефикасноста,туку и од аспект на најдобар приод во обновата,која делумно веќе започна."

ОН пред конференцијата постојано предупредуваа да бидат дадени што е можно поконкретни ветувања.Тие се дадени според Егеланд во задоволувачка форма.Досега повеќе од 60 земји од светот ветија вкупна помош од околу 717 милиони долари,иако со нив сеуште не е достигната милијардата за која замоли генералниот секретар на ОН Кофи Анан.Но,Егеланд со оглед на основното расположение во Женева е убеден дека бараните пари во целосна сума ќе бидат ветени до крајот на овој месец.

Средствата пред се ќе се сливаат како итна помош и ќе бидат употребени во следната половина година.ОН ги формулираа приоритетите и конкретните потреби.Како одделни средства ќе пристигнуваат зависи од секој од донаторите.ОН нема целата сума да ја собираат паушално,туку одделни земји ќе ги уплатуваат парите на организациите и за конкретни проекти.

Координаторот на ОН Јан Егеланд особено е задоволен што конференцијата ја потврди водечката улога на ОН при помошта.

"ОН се единствената институција која има капацитет,легитимација и мандат да ги координира помошта на повеќе од 60 земји донатори во десетте погодени земји,во кои има програми,као и стотиците хуманитарни организации кои учествуваат.Целосно сум свесен колку во нас полага меѓународната заедница."

И во поглед на помошта за обновата,Егеланд покажува оптимизам.Светската банка и Азиската банка за обнова во Женева исто така дадоа ветувања во овој правец.

На конференцијата меѓутоа јасно беше дадено на знаење дека срествата наменети за обнова не смеат да бидат одземани од претходната помош за другите земји кои се наоѓаат во тешкотии.Од името на Германија министерката за развој и помош Хајдемари Вичорек Цојл тоа јасно го потенцираше:

"Можам апсолутно и стопроцентно да ви ветам дека она што го најавивме се дополнителни средства,помошта за Азија е независна и целосно дополнителна."