1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рекордна победа на конзервативците

На предвремените парламентарни избори во Шпанија граѓаните гласаа за промена на власта. Опозициската народна партија на апсолутно мнозинство. Конзерватиците сега треба да ја извлечат Шпанија од тешката економска криза.

default

Маријано Рахој ја одведе Народната партија на Шпанија до историска победа

На повеќето Шпанци очигледно им е доста од Социјалистите. Според конечните резултати соопштени кратко пред полноќ, владејачката партија падна на 28 проценти, најлошиот резултат во нејзината историја. Со ова Социјалистите загубија повеќе од една третина од пратеничките места во парламентот. Пред неговите приврзаници, водечкиот кандидат на Социјалистите, Алфредо Перез Рубалкаба го призна поразот:

„Не добивме добар резултат, јасно загубивме. Сепак се заблагодарувам за поддршката од седум милиони избирачи, кои ни изразија доверба во најтешката економска криза на земјата.“

Spanien / Alfredo Perez Rubalcaba / Sozialist

Алфредо Перез Рубалкаба го предводеше владејачките Социјалисти во рекорден изборен пораз

Историски резултат

Катастрофалниот изборен резултат на Социјалистите е сметката која ја испорачаа граѓаните за состојбата во која се наоѓа земјата. Шпанија моментално има највисока стапка на невработеност во ЕУ, економијата повеќе не бележи пораст, целта за дефицитот за идната година би можела да не биде остварена. Проблеми со кои во иднина ќе треба да се справи Маријано Рахој. Водечкиот кандидат на конзервативната Народна партија е победникот на изборите.„Многу добро знам што не очекува. Но, пред оваа тешка задача би сакал да ви кажам едно. Нема само се’ од себе да дадаме, туку тоа ќе го сториме заеднички.“

Неговата народна партија освои повеќе од 44 проценти, 16 проценти повеќе од Социјалистите. Тоа се 186 од 350 пратенички места во парламентот во Мадрид односно апсолутно мнозинство и најдобар резултат кој оваа народна партија го постигнала во својата историја.

Prognose: Konservative erringen absolute Mehrheit in Spanien

Тешка задача пред идниот шпански премиер Маријано Рахој

Без конкретни предлози

При неговиот настап пред новинарите, Рахој меѓутоа повторно одбегна конкретно да каже како планира да ја заживее економијата на Шпанија и кои ќе бидат првите реформи на кои ќе работи. Намери кои не ги изнесе ниту во текот на изборната кампања. Досега се знае само дека пензионерите нема да трпат последици, се’ друго е отворено. Сепак Рахој ветува:

„Сакаме да им ја повратиме гордоста на Шпанците. Гордоста се добива со работа, со вложување напори, со преземање ризик, преку солидарност со сограѓаните.“

На изборите излегоа 71 процент од граѓаните со право на глас, односно два проценти помалку во споредба со последните избори.

Автор: Николас Бишлутер/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски

DW.COM