1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Рекордна победа на Германија, минимален пораз на Македонија

Квалификации за ЕП-фудбал 2008-ма: Франција и’ се реваншира на Италија. Најголемо изненадување е поразот на Шпанија од С. Ирска

4-кратен стрелец: Лукас Подолски

4-кратен стрелец: Лукас Подолски

Вечер на расположените стрелци на германскиот национален тим: 13 спрема 0 против Сан Марино е резултат за историјата, највисока победа на репрезентацијата на гостувањата во 106-те години на Германскиот фудбалски сојуз. Лукас Подолски постигна 4 голови, Клозе, Швајнштајгер и Хицлспергер по два, Балак, Мануел Фридрих и Шнајдер по еден. „Мислам дека може да се биде многу задоволен кога ќе се постигнат 13 голови. Тимот концентрирано и’ пријде на средбата – така и посакувавме да биде и поради тоа беше можна една олку висока победа“ – рече капитенот Михаел Балак.

Фаворитите веќе се издвоија во Д-групата: Германија води со 6 бодови, исто колку и Чешка која како гостин ја совлада Словачка со 3 спрема 0.

Во Париз реванш на Франција во репризата на финалето од последното светско првенство, со победа од 3 спрема 1 против светскиот првак Италија. Изненадување приреди Северна Ирска со победата против Шпанија со 3 спрема 2.

Други позанимливи резултати од синоќешните 21 натпревар од квалификациите за Европското првенство 2008-ма: Финска – Португалија 1 спрема 1, Полска – Србија 1 спрема 1, Босна и Херцеговина – Унгарија 1 спрема 3 ,Бугарија – Словенија 3 спрема 0, Албанија – Романија 0 спрема 2.

Во Е-групата Македонија, и покрај жилавиот отпор, не успеа да повтори изненадување против големиот фаворит Англија. Поразена е со 1 спрема 0, со гол постигнат по 36 секунди игра на почетокот од второто полувреме, кога Крауч најдобро се снајде при конфузната интервенција на одбраната на македонската репрезентација. Во оваа група Русија и Хрватска играа 0 спрема 0, Израел ја победи Андора со 4 спрема 1.

Отвореното тениско првенство на САД

Германецот Томи Хаас по втор пат во кариерата стигна до четвртфиналето на УС-опен, откако во Флешинг Медоу во пет сетови го совлада Русинот Марат Сафин. Бранителот на титулата, Швајцарецот Роџер Федерер, немаше тешка задача во мечот со Французинот Марк Гикел и ја реши без загубен сет.