1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рекордна невработеност на младите во Македонија

Македонија да ги примени сите можни инструменти за намалување на невработеноста. Ова е пораката од денешната дебата во организација на фондацијата Фридрих Еберт и Европската бизнис асоцијација, што се одржа во Скопје.

default

Седиштето на фондацијата Фридрих Еберт

Македонија е на дното од Европа по бројот на невработени и апсолутен рекордер во бројот на млади кои бараат работа во земјата. Последните податоци покажуваат дека невработеноста кај најработоспособниот дел од населението изнесува повеќе од 50%, што е секако загрижувачки податок. Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере предупреди дека станува збор за голем

Ervan Fuere

Амбасадорот Ерван Фуере

проблем за кој е потребно итно решение: „Невработеноста е многу голема и треба да најдеме пат да се обезбедат повеќе работни места за младите. Тоа ќе биде постигнато ако во тој процес се вклучат владата, цивилното општество и бизнис заедницата. За да се постигнат посакувани резултати потребна е едукација на младите, како и нивно поактивно анимирање особено во развојот на малите и средни претпријатија. Затоа ја охрабруваме владата повеќе да се фокусира на тоа, а не да ги намалува буџетот за оваа намена, што е случај за 2010 година. Тоа за жал е грешка и мислам дека тој фонд треба да се зголеми“, вели Фуере.

Потребен е поголем ангажман

Првиот човек на Европската бизнис асоцијација во Македонија, Димитар Ристовски вели дека бизнис заедницата вложува напори, но сепак смета дека е

in der Agentur für Arbeit in Leipzig

Во биро за вработување

потребен поголем ангажман од сите фактори. Тоа според него се однесува пред се’ на образовниот систем кој треба да продуцира кадри кои што веднаш ќе одговорат на потребите на заедницата, смета Ристовски.

За разлика од Македонија, соседна Србија, која исто така има проблеми со невработеноста, ова прашање се обидува да го реши со проекти за поддршка на младите луѓе и самовработувањето, како и поттикнување на претприемништвото. Небојша Симиќ од Бизнис старт-ап центарот во Крагуевац објаснува: „Самовработувањето го сметаме за многу важен метод и затоа ги поттикнуваме младите да почнат свој бизнис. За таа цел располагаме со гаранциски фонд од половина милион евра за доделување кредити на младите луѓе почетници.“

Инаку според последните податоци во Македонија невработени се околу 298 илјади луѓе, или 31,6% од работоспособното население.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Александра Трајковска