1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рекордна невработеност во Јужна Европа

Стапката на невработеност во јужноевропските земји во криза е на рекордно ниво, споредена во светски рамки.

Според анализата на Меѓународната организација за труд - ИЛО, стапката на невработеност во Шпанија (24,5%) и Грција (22,3%), е повисока од сите останати земји за кои има податоци на располагање. Сепак, според експертите, економската структура и пазарот на работна сила во индустриските земји и земјите во развој речиси и не можат да се споредуваат.

Истражувањето на ИЛО се заснова врз глобалниот извештај за вработување, кој беше поднесен во јануари. Јужноевропејците се на дното и кога станува збор за невработеноста кај младите. Во моментов нема подобрување на повидок: „Дури и ако евро-кризата не ексалира во наредните месеци, невработеноста во јужните евро-држави ќе се намалува многу полека во наредните години“, изјави Екехарт Ернст, раководител на одделот за прогнозирање на ИЛО за „Фајненшл Тајмс Дојчланд“.

ИЛО спроведува анкети меѓу населението во 50 држави за да може да ги направи резултатите за вработувањето споредливи во светски рамки. За многу африкански, карипски и латиноамерикански држави ИЛО има само проценки. Освен тоа, спорно е и дали може, на пример, Шпанија да се споредува со Мали, чиј брутодомашен производ е 140 пати помал од шпанскиот.