1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рекордна инфлација во Евро зоната

Стапката на инфлација во евро зоната во јуни за прв пат достигна 4%. Досегашното ниво од 3,7% од претходниот месец значително ќе биде надминат, велат прогнозите на европската служба за статистика Еуростат.

default

Потрошувачката кошничка е се` поскапа

Во моментов се работи само за проценки. Точната бројка ќе биде позната на средината на месецов. Но доколку годишната стапка на инфлација во јуни навистина изнесува 4%, тогаш тоа ќе биде досега најголема регистрирана стапка во евро зоната. Само за споредба, во јуни минатата година, ценовното зголемување изнесуваше 1,9%.

Како клучен фактор за повторниот значаен пораст на цените е порастот на цените на енергијата, како и контиунираниот раст на цените на нафтата. Податоците на Еуростат за месец мај веќе покажаа дека енергијата и горивата имаат една четвртина удел во зголемувањето на цените, наспроти прехранбените производи, чиј удел е во опаѓање:

„ Многу важно е да се посочи дека треба да сториме се`, за инфлаторните тенденции да не се осамостојат и да добијат нов поттик, на пример преку барањата на работниците за зголемени плати. Тогаш тоа ќе има фатално влијание врз економијата, конјуктурата и населението во земјите членки„

Изјави Амелиа Торес, портпарол на еврокомесарот за монетарна политика Јоахин Алмуниа. Шефовите на држави и влади на ЕУ на последниот самит во Брисел се согласија за серија мерки, како компензација на растечките цени на енергенсите. На наредниот сами на Унијата во октомври, ќе се види дали со помош на француското претседателство, мерките ќе можат да помогнат за амортизирање на ценовниот пораст на енергијата.

Прогнозите се дека цената на нафтата уште во текот на летото ќе достигне 170 долари за барел, што само по себе може да предизвика стапка на инфлација поголема од 4% Очекувањата се дека Европската централна банка во четврток ќе реагира за намалување на инфлацијата преку зголемување на каматната стапка за 0,25 процентни поени. Од друга страна пак, дел од експертите предупредуваат дека зголемувањето на каматните стапки непотребно ќе ја забават конјуктурата.


DW.COM