1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рекордна вредност на Дау Џонс

Американскиот индекс на акции Дау Џонс достигна рекордна вредност. Тој денеска е повисок од октомври 2007 година, времето пред избивањето на светската криза.

Изгледите за долготраен прилив на пари во борбата против глобалната економска криза денеска (05.03) беа причина индексот Дау Џонс да ја достигне својата рекордна вредност во историјата. Инвеститорите се пред се‘ охрабрени од рекордниот буџет во Кина за поттик на порастот, но и најновата потврда од емисионите банки на САД и на Јапонија дека имаат намера да продолжат со курсот на „лабава“ парична политика. Сето тоа ги потисна во втор план грижите околу последиците од судирот околу буџетот во САД за конјуктурата.

Индексот Дау Џонс денеска достигна вредност од 14.222 поени и со тоа ја надмина досегашната највиоска вредност од октомври 2007-та година - 14.198 поени.

И германскиот индекс Дакс попладнево има вредност само 150 поени помала од границата од 8.000 поени, која последен пат ја достигна на почетокот на јануари 2008 година. Рекордната вредност на Дакс на сите времиња изнесува 8151 поен и таа беше забележана на 13 јули 2007 година.