Рекордна вработеност во Германија | Економија | DW | 28.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рекордна вработеност во Германија

Вработеноста во Германија во 2018 година ќе биде на рекордно високо ниво, предвидуваат експертите. Бумот, како што се вели, ќе трае најмалку две години.

„Во моментов речиси насекаде работите одат нанапред, како домашната конјунктура, така и светската економија, услужните дејности и индустријата“, вели експертот од Нирнбершкиот институт за истражување на пазарот на работна сила и професиите (ИАБ), Енцо Вебер.

Како што покажа месечната анкета направена меѓу логалните агенции за работа, „намалувањето на невработеноста ќе продолжи и наредната година“. За тоа придонесува растечката потреба од стручна работна сила. Оттука, и покрај Брегзит, дизел-аферата или банкротот на Ер Берлин, може да се очекува позитивен развој.

Deutschland Arbeitsmarkt Agentur für Arbeit (picture-alliance/dpa/J. Woitas)

Агенциите за работа очекуваат рекордно висока вработеност

Најголемиот дел од експертите очекуваат бумот во делот на вработеноста да трае најмалку до 2019 година. Во 2019-та, спроед прогнозата на Ифо-институтот, работа ќе имаат 45,2 милиони луѓе. Тоа е највисок број на вработени досега или околу 900.000 работни места повеќе отколку годинава. Паралелно со тоа ќе се намалува бројот на невработени, кој би требало да изнесува околу 2,2 милиони, или 300.000 помалку отколку во 2017-та.

Повеќе на темата:

Германија: Се бара закон за доселување поради хроничниот недостиг на работна сила

Иста плата за иста работа и за работниците дојдени од странство?

Според истражувањето на Инстутот на германската економија (ИВ Келн), германското стопанство во новата година влегува со самодоверба. Само две од вкупно 46 стопански здруженија имаат малку заматен поглед кон иднината - прехранбената индустрија, која е соочена со голема конкуренција и растечки трошоци, како и здружението на Фолкс- и Рајфајзен банките, кои имаат проблеми поради ниските камати и помалите маржи. Најголемиот дел од експертите исто така смета дека германското стопанство во 2018 година ќе забележи пораст, деветта година по ред. Ифо-институтот смета со плус од 2,6%. Во 2017 година порастот изнесува 2,3%.

DW.COM