1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рекордна вработеност во Германија

Благодарение на добрата конјуктура, бројот на вработените во Германија во 2012, шеста година по ред, достигнува рекорд. Во просек околу 41,5 милиони луѓе имале работно место.

Бројот на вработени во 2012. според податоците на Сојузната служба за статистика бележи зголемување од 416 илјади луѓе или еден процент повеќе од претходната година. Вработеноста пак од 2005. досега пораснала за речиси седум проценти, односно за околу 2,66 милиони луѓе.

Од позитивниот развој на германскиот пазар на труд профитираат посебно вработените со платени социјални давачки, чиј број, како и во 2010 и 2011 расте надпропорционално.

Според привремените податоци бројот на невработени во 2012. година споредено со претходната година е намален за 162 илјади, на 2,34 милиони. Квотата на невработеност во истиот временски период од 5,7 се намалила на 5,3 проценти. Од средината на минатата деценија бројката невработени е речиси преполовена, соопштуваат статистичарите.

Податоците за состојбата на пазарот на труд се пресметувани според мешународна споредбена дефиниција и не одговараат на бројките кои според друга метода ги соопштува Сојузната агенција за труд.